Јоханес Видман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јоханес Видман или Јован Видман[1] (герм. Johannes Widmann, ~ 1460 - по 1498) бил германски математичар - изумител на знаците за собирање (+) и одземање (-).

Роден е во Егер (денешен Хеб), Чешка. Во 1480-тите дипломирал на Лајпцишкиот универзитет, а во 1489 во Лајпциг го објавил делото „Behende und hubsche Rechenung auff allen Kauffmanschafft“ („Вешта и убава пресметка за сите занаети“) каде за прв пат ги воведува знаците. Починал во Лајпциг.

Наводи[уреди]

  1. Андреевски, Венцислав П. (2007). „12.1. Познати математичари“. „Прирачник за математички поими и формули“. Скопје: Винсент графика. стр. 404. ISBN 978-9989-2474-4-6.