Јордан Миладинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Миладинов
Роден 30 декември 1922
Куманово, Кралство Југославија
Починал 23 октомври 2001
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање професор

Јордан Миладинов (роден на 30 декември 1922 година во Куманово - починал на 23 октомври 2001 година во Скопје) — македонски градежен инженер и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јордан Миладинов е роден на 30 декември 1922 година во Куманово. Работел на Градежниот факултет во Скопје до своето пензионирање во 1987 година по предметите од областа на техничката механика, јакоста на материјалите и од теоријата на еластичноста и пластичноста. Завршил Градежен факултет во Белград (1949) и бил првиот кандидат што одбранил докторска дисертација на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Предавал на сите технички факултети на Скопскиот универзитет, а гостувал и на други универзитети. Специјализирал во Минхен (1955), Цирих (1957) Хановер (1962/63). Вршел повеќе функции, од кои позначајни се: шеф на Градежниот оддел на Техничкиот факултет (1958–60), проректор на Универзитетот (1963–65), шеф на Градежниот оддел на Архитектонско-градежниот факултет (1965–67). Исклучително богатата наставна и научна дејност ја заокружил со 7 учебници, објавени во повеќе изданија.

Починал на 23 октомври 2001 година во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Миладинов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 949. Text "series " ignored (help)