Јован Таковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Таковски
Роден 18 март 1942
Умлена, Беровско
Починал 19 април 2023
Скопје
Националност Македонец
Занимање теолог, свештеник, професор, преведувач

Јован Таковски (Умлена, Беровско, 18 март 1942Скопје, 19 април 2023) — македонски теолог, свештеник, професор, преведувач[1][2].

Животопис[уреди | уреди извор]

Таковски е роден на 18 март 1942 година во с. Умлена, Беровско. Богословија завршил во Призрен, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Автор на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации. Учесник на научни трибини и собири во земјата и во странство[1].

Награди[уреди | уреди извор]

  • 2016 - Медал за заслуги за Македонија - за постигнатите исклучителни резултати од долгогодишната научна, образовна и книжевна дејност од областа на богословските науки.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1111. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. „Почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски“. МКД. 20.04.2023. Посетено на 27 октомври 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. „Претседателот Иванов го одликува Јован Таковски со „Медал за заслуги за Македонија". Канал 5. 07.12.2016. Посетено на 27 октомври 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)