Пиј VIII (лат. Pius PP. VIII; 20 ноември1761 - 30 ноември1830) — римски папа од 31 март1829 до 30 ноември1830[1]. Бил назначен за епископ на Монталто од страна на папата Пиј VII. Наполеон наредил да биде уапсен во Мантова. Во 1816, станал кардинал и епископ на Чезена, а во 1821 и епископ на Фраскати. Кога бил избран за папа, бил тешко болен. Работел како и неговите претходници. Ја издал енцикликата, која ги осудувала тајните револуционерни организации во Италија наречени Карбонари.