Павле V (лат. Paulus PP. V; 17 септември1552 - 28 јануари1621) — римски папа од 16 мај1605 до 28 јануари1621[1]. По потекло бил од Сиена. Учел право и како свештеник отишол во папскаслужба. Папата Климент VIII го назначил за дипломат во односите со шпанскиот крал Филип II. Тој го назначил својот 27-годишен роднина за кардинал, а своето презиме Кафарели го сменил во Боргезе. Во 1616, со декрет од индексот на забранетите книги го осудил делото на Коперник „За движењето на небесните тела“. По негова иницијатива бил започнат процес против Галилео Галилеј. Забрането било да се тврди дека „Сонцето не се движи во круг околу Земјата и дека Земјата не е центар на вселената“.