Каликст III (лат. Callistus PP. III; 31 декември1378 - 6 август1458) — римски папа од 8 април1455 до 6 август1458[1]. Кога неаполскиот крал Алфонс I го признал Мартин V за папа, тој станал епископ на Валенсија. Извршил ревизија на судењето на Јованка Орлеанка. На повторното судење, првата одлука била поништена и Јованка Орлеанка била прогласена за невина. Кога станал папа, со сите сили го поддржал регентот на Унгарија Јаноша Хуњади, организирајќи крстоносен поход против Османлиите. Во 1456, ги поразил Османлиите кај Белград. По смртта на Алфонсо V Арагонски, одбил на престолот да го постави својот незаконски син.