Јован X (лат. Ioannes PP. X; ? - 928) — римски папа од март914 до мај928[1]. Станал папа, благодарение нљ тоа што успеал да ја воодушеви Теодора, сопругата на грофот Теофилакт од Тоскана. Успеал да ги обедини италијанските кнезови, во борба против Арабјаните, а добил и помош од Византија, што резултирало со победа во Битката кај Гариљано (916). По смртта на теодора, тој се спријателил и со нејзината ќерка Марозија. Јован се стремел дури да завладее со Рим, но Марозија, за тоа му кажала на својот спопруг, грофот Гвидо од Тоскана, кој наредил папата да биде затворен, каде што бил задушен. Тој, исто така, бил папа од периодот на порнократијата.