Пиј III (лат. Pius PP. III; 29 мај1439 - 18 октомври1503) — римски папа од 22 септември до 18 октомври1503[1]. По смртта на папата Александар VI, во изборот за папа учествувале и францускиот кардинал д'Амбуаз и Џулиано дела Ровере, кој се вратил од прогонство, но ни едниот ни другиот не освоиле мнозинство на гласови. За папа бил избран миленикот на папата Пиј II Пиколмини, кој во тоа време бил само ѓакон. Неговиот понтификат траел само 27 дена, а се претпоставува дека бил отруен, но за тоа нема докази.