Климент VIII (лат. Clemens PP. VIII; 24 февруари1536 - 3 март1605) — римски папа од 30 јануари1592 до 3 март1605[1]. Во 1585 бил назначен за кардинал и ја исполнувал функцијата папски легат во Полска. Сурово го критикувал непотизмот, но и тој самиот назначил 4 негови роднини за кардинали. Ја поддржувал инквизицијата. Го прогласил Џордано Бруно за еретик и наредил да биде спален во 1600 година. Се обидел, но безуспешно да го реши проблемот помеѓу Исусовците и Доминиканците, укажувајќи на границите на милоста Божја на волјата на човекот.