Келтскиот самрак

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Келтскиот самрак“ (англиски: The Celtic Twilight) - збирка куси раскази на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс, напишани во периодот од 1892 до 1902 година. Првото издание на книгата било објавено во 1893 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката ги содржи следниве раскази:[1]

  • Раскажувач на прикаски
  • Верувања и неверувања
  • Смртна помош
  • Визионер
  • Селски духови
  • „Правта го склопи окото еленово“
  • Витезот на овците
  • Истрајно срце
  • Маѓосниците
  • Ѓаволот
  • Среќни и несреќни теолози
  • Последниот гуслар
  • Regina, regina pigmeorum, veni
  • „И красни, крволочни жени“
  • Магични шуми
  • Чудесни суштества
  • Аристотел од книгите
  • Боговското прасе
  • Глас
  • Грабнувачи
  • Неуморните
  • Земја, оган и вода
  • Стариот град
  • Човекот и чизмите
  • Страшливец
  • Тројцата О'Брновци и злобните самовили
  • Драмклиф и Роузес
  • Дебелиот череп на среќлиите
  • Религијата на морјанинот
  • Во однос на блискоста едни до други на рајот, земјата и чистилиштето
  • Јадачите на бесценици
  • Богородица ридска
  • Златното доба
  • Приговор до Шкотите оти им го расипале наравот на нивните духови и самовили
  • Војна
  • Кралицата и шутот
  • Пријателите на луѓето од Самовилска
  • Сништа без поука
  • Крајпат

Инаку, збирката почнува со песната „Самовилската војска“, а завршува со песната „Во самракот“. Покрај тоа, книгата содржи и предговор, насловен како „За книгава“, во два дела, првиот датиран во 1893 година, а вториот дел од 1902 година.

Осврт кон книгата[уреди | уреди извор]

Во првиот дел од предговорот кон збирката, самиот автор забележува дека имал желба да создаде малечок свет од прекрасните, пријатните и значајните нешта во овој свет, како и да прикаже дел од лицето на Ирска. Расказите во книгата го влечат потеклото од ирската митологија и во нив се раскажува за разни случки поврзани со самовили, духови, ѓаволи, русалки и митски поети. Сепак, Јејтс не е обичен запишувач на народните преданија. Тој е заинтересиран за светот на окултнотоверува во спиритуалниот свет и се труди да стапи во контакт со натприродното.[2]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, збирката била објавена на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“. Преводот од англиски јазик го направил Горјан Костовски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош преведувачката програма Ireland Literature Exchange (ILE), а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 157 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-19-2.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014.
  2. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014.
  3. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014.