Цел на корпоративното управување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Цели на корпоративното управување:

  1. да им помогне на компаниите, банките, да ја подобрат практиката на своето корпоративно управување;
  2. да ги поддржи институциите од јавниот сектор да воспостават ефективни рамки за корпоративно управување;
  3. да им помогне на образовните институции за вклучување на содржини за корпоративно управување во нивните наставни програми.

Помагајќи го развојот на практиките на ефикасно корпоративно управување во Македонија, и помага на земјата да ја зголеми својата атрактивност за инвеститорите.

Ефикасното корпоративно управување придонесува за одржлив економски развој преку подобрување на перформансите на компаниите и на нивниот пристап кон надворешни извори на капитал. Тоа ја зголемува профитабилноста на компаниите и овозможува побрз раст. Доброто корпоративно управување треба да обезбеди соодветни поттици за одборот на директори и менаџментот да ги остварат целите кои се во интерес на компанијата и акционерите и кои треба да обезбедат ефективен мониторинг, и со тоа да ја охрабрат фирмата ефикасно да ги користи своите ресурси.