Уредувач на растерска графика
Уредувач на растерска графика — сметачки програм кој овозможува на корисниците да цртаат и уредуваат слики интерактивно на компјутерскиот екран и да ги зачувуваат во еден од популарните “bitmap” или “raster” формат како JPEG, PNG, GIF и TIFF.
Некои уредувачи се специјализирани за уредување на фотореалистични слики како Adobe Photoshop, додека другите се повеќе уметнички ориентирани, како Adobe Fireworks.
Векторски уредувач наспроти растерски уредувач
[уреди | уреди извор]Векторските уредувачи честопати се помешувани со Растерски уредувачи. Векторските уредувачи се подобри за графички дизајн, распоред на страница, типографија, логоа, острорабни уметнички илустрации (како: анимирани филмови, clip art, сложени геометриски шари), техничка илустрација, дијаграмирање и шематски блокови. Растерските уредувачи се подобри за туширање, фотообработка, фотореалистични илустрации, колажи и рачни илустрации создадени со помош на pen tablet. Повеќето илустратори користат Corel Photo-Paint и Photoshop за да создадат доста типови илустрации. Поновите верзии на bitmap уредувачите, како GIMP и Photoshop поддржуваат алатки за работа со вектори, додека векторските уредувачи како CorelDRAW или Adobe Illustrator постепено вметнуваат алатки како и кај bitmap уредувачите.
Општи својства
[уреди | уреди извор]- Избор на подрачје за уредување.
- Поставување на линии со четки во различна боја, големина, форма и притисок
- Обојување на цел регион со една боја, градиент, или текстура.
- Избор на боја користејки различни бојни модели (e.g. RGB, HSV), или користејки color dropper.
- Поставување на текст со различен фонт.
- Збирно користење на слоеви.
- Уредување и претворање.