Тај чи чуан (упр.: 太极拳; трад. 太極拳) е древна кинеска форма на вежба или начин за напад или одбрана. Како вежба, таа е дизајнирана да обезбеди релаксација во процесот на одржување на телесната кондиција што делумно се постигнува преку хармонизирање на принципите на јин-јанг. Вежбата подразбира последователни, намерни движења со внимателно избрани пози и позиции. Како начин на напад и одбрана, наликува на кунг фу и според сите прописи се смета за борачка вештина. Датирајќи од 3 век, тај чи чуанот се состои од две главни школи, Ву и Јанг. Во зависност од школата, бројот на вежби варира од 24 до повеќе од 100.[1]