Стрниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Овци на стрниште кај с. Сопиште, Скопско.

Стрништеожнеано поле, нива или земјоделска површина каде што останале само сламките. Постојат два вида на остатоци од земјоделски култури на нивите односно на стрништата по жетвата. Остатоци на полето стрниште се материјали што се оставаат на полињата и земјоделските обработени површини или овоштарници откако ќе се соберат зрелите посеви и плодови од земјоделските култури. Овие остатоци вклучуваат стебленца и слама (стебла), лисја и семиња. Остатокот може да се ора директно во земјата или прво да се запали. Палењето на стрништа кое е раширено ширум светот е честа причина и за пожари. Доброто управување со остатоци од теренот може да ја зголеми ефикасноста на наводнувањето и контролата на ерозијата. Обработливите остатоци се материјали оставени на стрништата откако културата е обработена во корисна суровина. Овие остатоци вклучуваат лушпи, семиња и корени. Тие можат да се користат како животинска добиточна храна и додаток за збогатување на плодноста на почвата како ѓубрива и во производството.

Галерија[уреди | уреди извор]