Бесниот Орландо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловна страница од третото издание на преводот на Харингтон на Бесниот Орландо (италијански: Orlando furioso) , 1634 година. Првото издание било 1591 г.

Бесниот Орландо (италијански: Orlando furioso) - еп на италијанскиот поет Лодовико Ариосто од 1532 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во епот се опишуваат јуначките дела на Орландо. Маварите, предводени од Аграмант војуваат против војската на Карло Велики. Додека Париз е под опсада, архангелот Михаил предизвикува неслога меѓу Маварите, но Аграмант повторно воспоставува ред.[1] Подоцна, Орландо полудува од љубомора попради тоа што неговата сакана принцеза Анџелика го сакала младиот Мавар, Медор.[2]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во 1555 година се појавило продолжението на „Бесниот Орландо“, дело на шпанскиот писател Николас де Еспиноса, Во 1555 година, со наслов „Втор дел на Орландо, со Вистинскиот настан на познатата битка кај Ронсесвали“,[3] во кое шпанскиот јунак Бернандо дел Карпио го победил Орландо во Битката кај Ронсесвали.[4] Љубовта меѓу Анџелика и Медор била обработена во книгата на Луис Бараона де Сето, „Солзите на Анџелика“ од 1586 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 581.
  2. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 582.
  3. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 596.
  4. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 583.
  5. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 598.