Омов закон: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: sh:Ohmov zakon |
с Бот Додава: be:Закон Ома |
||
Ред 32: | Ред 32: | ||
[[ar:قانون أوم]] |
[[ar:قانون أوم]] |
||
[[ast:Llei d'Ohm]] |
[[ast:Llei d'Ohm]] |
||
[[be:Закон Ома]] |
|||
[[bg:Закон на Ом]] |
[[bg:Закон на Ом]] |
||
[[bn:ও'মের সূত্র]] |
[[bn:ও'মের সূত্র]] |
Преработка од 02:05, 30 јануари 2010
Омовиот закон се однесува на електрични кола, тој вели дека:
- Струјата помеѓу две точки е директно пропорционална со потенцијалната разлика (напонот) и обратно пропорционална со отпорот помеѓу нив.
Математички, тоа се изразува како:
Каде што I е струјата во ампери, V е потенцијалната разлика во волти, и R е електричната отпорност изразена во оми. Потенцијалната разлика е позната и како пад на напонот, и може да се означува и со U, E или ЕМС (електромоторна сила).[1]
Оваа законитост ја открил германскиот физичар Георг Ом, и ја објавил во 1827. година како резултат на лабораториски мерења, и во малку посложена форма.
Отпорноста на повеќето отпорнички материјали отпорници е константна за широк спектар на струи и напони. Кога отпорникот се употребува во вакви околности, неговата отпорност се нарекува „омска“. Покрај омската отпорност, постои и капацитивна и индуктивна, кои се јавуваат кај променливите и наизменичните струи.
Омовиот закон, во презентираната форма, е мошне корисен за електротехниката, затоа што опишува како напонот, струјата и отпорот се поврзани на „макроскопско“ ниво, односно како елементи на електричното коло. Физичарите кои ги проучуваат електричните својства на материјалите на микроскопско ниво ја употребуваат векторската равенка:
кајшто J е густина на струјата (струја по единична површина), σ е електричната спроводливост, а E е електричното поле (во волти по метар).
Референци
- ↑ Handbook of Chemistry and Physics, Fortieth Edition, p.3112, 1958