Омов закон: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с средување |
с средување |
||
Ред 22: | Ред 22: | ||
</math> |
</math> |
||
кајшто '''J''' е [[густина на струја]]та (струја по единична површина), '''σ''' е електричната спроводливост, а '''E''' е електричното поле (во волти по метар). |
кајшто '''J''' е [[густина на струја]]та (струја по единична површина), '''σ''' е [[електрична спроводливост|електричната спроводливост]], а '''E''' е [[електрично поле|електричното поле]] (во волти по метар). |
||
== Референци == |
== Референци == |
Преработка од 00:21, 31 август 2008
Омовиот закон се однесува на електрични кола, тој вели дека:
- Струјата помеѓу две точки е директно пропорционална со потенцијалната разлика (напонот) и обратно пропорционална со отпорот помеѓу нив.
Математички, тоа се изразува како:
Кајшто I е струјата во ампери, V е потенцијалната разлика во волти, и R е електричната отпорност изразена во оми. Потенцијалната разлика е позната и како пад на напонот, и може да се означува и со U, E или ЕМС (електромоторна сила).[1]
Оваа законитост ја открил германскиот физичар Георг Ом, и ја објавил во 1827. година како резултат на лабораториски мерења, и во малку посложена форма.
Отпорноста на повеќето отпорнички материјали отпорници е константна за широк спектар на струи и напони. Кога отпорникот се употребува во вакви околности, неговата отпорност се нарекува „омска“. Покрај омската отпорност, постои и капацитивна и индуктивна, кои се јавуваат кај променливите и наизменичните струи.
Омовиот закон, во презентираната форма, е мошне корисен за електротехниката, затоа што опишува како напонот, струјата и отпорот се поврзани на „макроскопско“ ниво, односно како елементи на електричното коло. Физичарите кои ги проучуваат електричните својства на материјалите на микроскопско ниво ја употребуваат векторската равенка:
кајшто J е густина на струјата (струја по единична површина), σ е електричната спроводливост, а E е електричното поле (во волти по метар).
Референци
- ↑ Handbook of Chemistry and Physics, Fortieth Edition, p.3112, 1958