Хидролиза: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам ko:가수분해 во ko:가수 분해
Ја заменувам страницата со 'џзззззџ'
Ред 1: Ред 1:
џзззззџ
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
::''Да не се меша со [[електролиза]], честиот метод за производство на гасовит водород од вода.''


[[Податотека:Hidroliza.jpg|мини|300px|десно|При хидролизата, една молекула под влијанието на контактот со водата се дели на два помали фрагменти, од кои едниот добива OH<sup>-</sup> јон, а другиот добива H<sup>+</sup> јон.]]

'''Хидролиза''' е [[хемиска реакција]] во која една [[молекула]] се дели на два дела при реакција со молекула на [[вода]], која има [[хемиска формула]] [[Водород|H]]<sub>2</sub>[[Кислород|O]]. Еден од деловите на поделената молекула добива OH<sup>-</sup> [[јон]] од молекулата на водата, додека другиот дел добива H<sup>+</sup> јон од водата.

Оваа реакција е различна од реакцијата на [[хидратација]], во која водените молекули се [[Адиција|адираат]] на супстанца, но делење на молекулата воопшто не се случува. Во [[Органска хемија|органската хемија]], хидролизата може да се смета како спротивен процес на [[Реакција на кондензација|реакцијата на кондензација]], процес во кој два молекуларни фрагменти се спојуваат за сметка на секоја молекула вода која се создава. Бидејќи хидролизата е повратна реакција, кондензацијата и хидролизата може да се случат во исто време, со положбата на рамнотежа која ја детерминира количината на секој продукт. Во [[Неорганска хемија|неорганската хемија]], овој збор често се користи за [[раствор]]и на [[соли]] и реакциите при кои тие се претвораат во нови јонски соединенија или во талози ([[оксид]]и, [[хидроксид]]и или соли). Некои примери на хидролиза се објаснети подолу.

== Примери на хидролиза ==
=== Хидролиза на метални соли ===

Многу метални јони се силни [[Киселина|Луисови киселини]] и во вода тие може да подлежат на хидролиза при што се образуваат ''базни соли''. Таквите соли содржат [[хидроксилна група]] која е директно поврзана со металниот јон на местото на водна [[лиганда]]. На пример, [[алуминиум хлорид]]от подлежи на екстензивна хидролиза во вода, таква што [[pH]] на растворот постанува мошне кисела:

[[Податотека:Al_ion_hydrolysis.gif|thumb|300px|center|Хидролиза на хидриран Al<sup>3+</sup> јон.]]

Ова значи дека доколку растворите на AlCl<sub>3</sub> евапорираат, [[Хлороводородна киселина|хлороводородната киселина]] се губи и резултатот е базна сол (во овој случај, ''оксихлорид'') наместо AlCl<sub>3</sub>. Вакво хемиско однесување се огледува и кај други метални хлориди, како [[Цинк хлорид|ZnCl<sub>2</sub>]], [[Калај(II) хлорид|SnCl<sub>2</sub>]], [[Железо(III) хлорид|FeCl<sub>3</sub>]] и лантанидните халиди, како [[Диспрозиум(III) хлорид|DyCl<sub>3</sub>]]. Со некои соединенија, како [[Титаниум тетрахлорид|TiO<sub>4</sub>]], хидролизата може целосно да се одвива и се формира чист хидроксид или оксид, во овој случај [[Титаниум диоксид|TiO<sub>2</sub>]].

=== Хидролиза на естерска врска ===

Во хидролитичка реакција при која се раскинува [[естер]]ска врска, еден хидролитички продукт содржи [[хидроксилна група|хидроксилна]] [[функционална група]], додека другиот содржи [[карбоксилна група]].

Делот (фрагментот) од родителската молекула кој првобитно бил [[карбоксилат]] добива [[водород]]ен јон од додатна молекула на вода. Делот, пак, кој бил првобитно [[алкил]] група ја собира останатата хидроксилна група од водената молекула. Ова е ефективно обратен процес на [[естерификација]]та, при што се добива оригиналниот [[алкохол]] и [[карбоксилна киселина]] повторно.

Постојат два главни методи за хидролиза на естери, [[База (хемија)|базната]] хидролиза и [[Киселина|киселинско]] - [[Катализатор|катализираната]]. При киселинско - катализираната хидролиза се користи разредена киселина за да ја протонира [[Карбонилна група|карбонилната група]] со цел да ја активира кон [[нуклеофил]]ен напад од молекула на вода. Но, повообичаениот метод за естерска хидролиза вклучува рефлуксирање на естерот со водеста база, како штп се [[Натриум хидроксид|NaOH]] или [[Калиум хидроксид|KOH]]. Кога реакцијата е завршена, карбоксилатната сол се [[Ацидификација|закиселува]] при што ја ослободува слободната карбоксилна киселина.

[[Податотека:Ester_hydrolysis.png|frame|center|Базна хидролиза на естер.]]

Важен пример на оваа реакција е ослободувањето на [[Масна киселина|масни киселини]] од [[Глицерин|глицерол]] во [[триглицерид]]ната хидролиза, што се случува за време на [[сапонификација]]та.

=== Хидролиза на амидни врски ===

Во друга хидролитичка реакција, како што е хидролизата на [[амид]]на врска во карбоксилна киселина и [[Амин (хемија)|амин]]ски продукт [[амонијак]], само продуктот карбоксилна киселина има хидроксилна група добиена од водата. Аминскиот продукт (т.е. амонијакот) го добива останатиот водороден јон. Поспецифичен случај на хидролизата на амидна врска е хидролизирање на [[Пептидна врска|пептидните врски]] на [[Амино киселина|амино киселините]].

=== Неповратноста на хидролизата под физиолошки услови ===

Под физиолошки услови (т.е. во разредени водени раствори), хидролитичката реакција на раскинување, каде концентрацијата на метаболитички прекурсор е ниска (од редот на 10<sup>-3</sup> до 10<sup>-6</sup> молови), е есенцијално термодинамички [[Термодинамика|неповратна]]. На пример:

:A + H<sub>2</sub>O → X + Y

:<math>K_d = \frac{\left[X\right] \left[Y\right]} {\left[H_2O\right] \left[A\right]}</math>

Претпоставувајќи дека ''x'' е крајната концентрација на продуктите и дека ''C'' е почетната концентрација на A, и W = = [H<sub>2</sub>O] = 55.5 мола, тогаш ''x'' може да се пресмета со равенката:

:<math>\frac{x \times x}{W\left(C - x\right)} = K_d</math>

нека K<sub>d</sub>×W = k:

тогаш <math> x = \frac {-k + \sqrt {k^2 + 4kC} } {2} </math>

За вредност од C = 0,001 мола, и k = 1 мол, ''x''/C &gt; 0,999. Помалку од 0,1% од првобитниот реактант ќе биде присутен штом реакцијата ќе заврши.

Темата за физиолошката неповратност на хидролизата се користи главно во метаболитичките патишта, бидејќи многу биолошки процеси се водени од цепењето на [[анхидрид]]ните [[пирофосфат]]ни врски.

== Видете исто така ==

* [[Аденозин трифосфат]]
* [[Анаеробна дигестија]]
* [[Биополимер]]
* [[Кондензациски полимер]]
* [[Олеохемиски]]

[[Категорија:Хемиски реакции]]

[[ar:حلمهة]]
[[bg:Хидролиза]]
[[bs:Hidroliza]]
[[ca:Hidròlisi]]
[[cs:Hydrolýza]]
[[da:Hydrolyse]]
[[de:Hydrolyse]]
[[et:Hüdrolüüs]]
[[el:Υδρόλυση]]
[[en:Hydrolysis]]
[[es:Hidrólisis]]
[[eo:Hidrolizo]]
[[eu:Hidrolisi]]
[[fa:آبکافت]]
[[fr:Hydrolyse]]
[[gl:Hidrólise]]
[[ko:가수 분해]]
[[hr:Hidroliza]]
[[io:Hidrolizo]]
[[id:Hidrolisis]]
[[it:Idrolisi]]
[[he:הידרוליזה]]
[[kk:Гидролиз]]
[[ht:Idwoliz]]
[[lv:Hidrolīze]]
[[lt:Hidrolizė]]
[[nl:Hydrolyse]]
[[ja:加水分解]]
[[no:Hydrolyse]]
[[oc:Idrolisi]]
[[nds:Hydrolyys]]
[[pl:Hydroliza]]
[[pt:Hidrólise]]
[[ro:Reacția de hidroliză]]
[[ru:Гидролиз]]
[[sq:Hidrolizë]]
[[simple:Hydrolysis]]
[[sk:Hydrolýza]]
[[sl:Hidroliza]]
[[sr:Хидролиза]]
[[sh:Hidroliza]]
[[su:Hidrolisis]]
[[fi:Hydrolyysi]]
[[sv:Hydrolys]]
[[tr:Hidroliz]]
[[uk:Гідроліз]]
[[ur:آب پاشیدگی]]
[[zh:水解]]

Преработка од 12:14, 24 јануари 2013

џзззззџ