Психоанализа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава hy:Հոգեվերլուծություն
с r2.7.3) (Робот: Додава ia:Psychoanalyse
Ред 39: Ред 39:
[[hr:Psihoanaliza]]
[[hr:Psihoanaliza]]
[[id:Psikoanalisis]]
[[id:Psikoanalisis]]
[[ia:Psychoanalyse]]
[[is:Sálgreining]]
[[is:Sálgreining]]
[[it:Psicoanalisi]]
[[it:Psicoanalisi]]

Преработка од 02:07, 20 јануари 2013

Психоанализата е метод на психичко истражување кое има за цел да го долови значењето на подсвеста како влијателна компонента на човекотово однесување.Основите на Психоанализата се наоѓаат во психолошкиот живот кој го формулирал основоположникот а воедно и таткото- познатиот Австријски лекар Сигмунд Фројд (1856-1939),.Според Фројд свеста претставува само дел од психичкиот живот на човекот,додека другиот дел т.е. одлучувачкиот се состои во самата подсвест(место на сите чувства но и на творечкиот дел од личноста) на човекот за која коментиравме дека е компомента од човековиот ум секако заедно со свеста како ниво.Сигмунд Фројд заснова нова дисциплина -психоанализа и развива нова концепција за човекот.Првиот конгрес на Психоанализата по нејзиното основање,е одржан во 1908 год. во Салцбург.Психоанализата поаѓа од постулатот по кој сето она што се случува во соништата во себе носи димензија која не излегува на површина.Тоа всушност е подсвеста,резултатот од низа на случки и настани кои се случиле во раното детство на самата индивидуа, во непосредна врска со сексуалноста во поширока смисла,прво преку орална и анална фаза на развој.Некаде во третата година,детето ги открива разликите помеѓу половите.Во тие години детето поминува низ битни случки и настани кои можеби и никогаш реално не се случиле и немале никакви допирни точки со реалноста,но кои настани допрелен до неговата свест: претстава за коитусот (спојување на маж и жена,кај животинските врсти и кај човекот) и кастрација( отстранување или уништување на репродуктивниот орган и кај двата пола). Сето она што човекот го потиснува во себе секогаш се бори да се врати на површината во форма на симптомот (субјективен феномен кој го открива функционалното пореметување и повреда),лапсус (грешки при говорот и пишувањето,кои подразбираат брза исправка,Фројд смета дека лапсусите настануваат по јавувањето на несвесните желби). Некои психички напнатости кои ја влошуваат здравствената состојба на возрасниот човек можат да доведат до степен да самиот тој дојде во допир,да побара помош од стручник за психоанализа,личност која и самата била подложена на психоанализа и која со самиот тој принцип е способна да го ислуша пациентот со психички проблеми.За време на аналитичката сеанса асоцијациите на пациентот помеѓу кашаните и проживеаните но заборавени моменти од својот живот,овозможуваат(асоцијациите) во текот на процесот на потиснување да ги врати назад и извлече на површина деновите на несвесните настани.Прво и основно правило на Психоанализата е слободната асоцијација.Пациентот се замолува да се опушти и да го казе сето она што му поминува низ главата па дури и она за кое смета дека е неважно или глупо.Единствено што не треба да прави е да не дозволи да му се создаде ниту една мисла без разлика на нејзината содржина.Реконструкцијата на она што го казува пациентот со помош на потиснатото чувство создава услови за исчезнување на симптомот.