Лезбиски феминизам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Лезбејскиот феминизам''' е стојалиште дека жени кои заемно се посветени на политичка, сексуа...
(нема разлика)

Преработка од 21:56, 22 јуни 2007

Лезбејскиот феминизам е стојалиште дека жени кои заемно се посветени на политичка, сексуална и економска поддршка, овозможуваат алтернативен модел на постоечките машко/женски односи кои лезбејките ги гледаат како угнетувачки. Тие тврдат дека лезбејскиот феминизам вклучува и сексуална преференција и политички избор бидејќи ги одбива машките дефиниции на животите на жените. Со исказот - „феминизмот е теорија, лезбејството е практика”, лезбејскиот феминизам станува примарна сила во радикалната женска култура. Лезбејскиот феминизам ги напаѓа и институциите на хетеросексуалноста како центри на патријархатот. Лезбејките се радикали на феминистичкото движење бидејќи само тие можат да мислат радикално за социјалните промени и родови договори поради нивната ослободеност од конвенционалната хетеросексуалност.[1]

Белешки

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Посетено на 2007-06-22. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)