Римска археологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Римска археологија го проучува периодот кој разни историчари различно го означуваат. Тоа е моментот кога престанува периодот на хеленизмот, а започнува Римскиот период: од 201 година п.н.е. (крајот на Втора пунска војна) до 30 г. п.н.е. (Египет, последното кралство под хеленизам, потпаѓа под римска власт.).

Во културна смисла Римскиот период е продолжување на хеленизмот, затоа што римската наука и уметност се зависни од грчката.