Прејди на содржината

Микрограм

Од Википедија — слободната енциклопедија

Микрограм (µг, мкг; меѓународно: µg, mcg) е единица за маса еднаква на милионити дел (1/1.000.000) од грамот[1] (1 × 10−6) или 1/1000 од милиграм. Ова е една од најмалите единици за маса (и тежина) што се користи во макроскопски размери. Симболот „µg“ е утврден во Меѓународниот систем на мерни единици и често се применува во научната литература, но организациите како Заедничката комисија (JCAHO) од САД препорачуваат да не се користи во болници бидејќи рачно напишан, симболот µ наликува на m, што може да доведе до илјадакратно предозирање. Наместо тоа, се препорачува кратенката мкг (mcg).[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „микрограм“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „Список на кратенки, симболи и дозни ознаки подлежни на грешки“ (PDF). ISMP. Посетено на 2 ноември 2011. (англиски)