Македонска транскрипција на корејскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е таблица на транскрипција на азбуката на корејскиот јазик наречена хангул заснована на Хепберновиот систем на романизација. Во таблиците се дадени корејските букви според писмото хангул, па официјалната латинична транскрипција наречена Преработена романизација на корејскиот јазик (тука одбележана со „ПР“), звучноста на корејските букви според меѓународната фонетска азбука (МФА), и на крај, транскрипција со македонско писмо, т.е. приказ на нивната звучност согласно принципите на фонологијата на македонскиот јазик. Прилагодувањето на транскрипциониот систем е изработена водејќи се според фонологијата на корејскиот јазик, но сепак прилагодена на звучноста на македонскиот јазик.

Кратка историја на корејската писменост[уреди | уреди извор]

Во дамнешни времиња, јазиците на корејскиот полуостров се пишувале со кинеско писмо, со помош на хјангчал или иду. Ваквите системи не се популарни бидејќи ханчата не одговара на корејскиот јазик. Ова писмо има ограничена употреба само во некои случаи, додека аристократијата претпочита да пишува на класичен кинески.

Корејскиот денес се пишува главно со хангул, корејската азбука воведена во 1446 г. од кралот Сеџонг Велики; ханчата може да се вмешува за пишување на сино-корејски зборови. Во јужнокорејските училишта сѐ уште се учат 1800 знаци од ханчата, додека пак Северна Кореја овие се укинати веќе со децении.

Согласки
Хангул    
ПР b,p d,t j g,k pp tt jj kk p t ch k s h ss m n ng   r,l  
МФА p t ʨ k ʨ͈ ʨʰ s h m n ŋ w r j
Макед. транскр. п т ч / џ1 к п т ч к п т ч к с х с м н нг в р ј

1 ч на почетокот на зборот, а џ по самогласка; т на крајот од слогот, ако по него нема самогласка.

Самогласки
Хангул
ПР i e oe ae a o u eo eu ui ye yae ya yo yu yeo wi we wae wa wo
МФА i e ø ɛ a o u ʌ ɯ ɰi je ja jo ju wi we wa
Макед. транскр. е е е е а о у о у уј је је ја јо ју јо ви ве ве ва во