Прејди на содржината

Ленарт Бергелин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленарт Бергелин

Свен Ленарт Бергелин (10 јуни 1925 - 4 ноември 2008) бил шведски тенисер и тренер. Како играч, за тенискиот клуб АИК, Бергелин освоил вкупно девет титули во шведското првенство во поединечна конкуренција помеѓу 1945 и 1955 година и титулата на Отвореното првенство на Франција во двојки (парови) во 1948 година. Бергелин е најпознат по неговата работа со легендарниот тенисер Бјорн Борг, кого го тренирал помеѓу 1971 и 1983 година, помагајќи му да освои вкупно 11 Грен слем турнири. Бергелин исто така бил капитен на шведската репрезентација до нејзината прва титула во Дејвис купот.[1]

Тениска кариера

[уреди | уреди извор]

За време на десетгодишниот период, помеѓу 1946 и 1955 година, Бергелин бил рангиран меѓу првите 10 аматерски играчи во светот, достигнувајќи го светскиот бр. 9 на аматерското рангирање на Џон Олиф во 1948 година. Тој освоил 20 национални првенства (9 во поединечна конкуренција и 11 во двојки, парови) и станал првиот шведски играч кој некогаш освоил Грен слем, бидејќи тој заедно со Јарослав Дробни го освоиле француското првенство во машки двојки во 1948 година. Бергелин одиграл 89 натпревари во Дејвис купот за репрезентацијата на Шведска и победил на 63 натпревари од нив. Тој го одиграл последниот натпревар на 40-годишна возраст, заедно со Јан-Ерик Лундквист. Помеѓу 1971 и 1976 година, Бергелин бил капитен на шведскиот тим и во 1975 година го предводел до победата, бидејќи ја победиле Чехословачка во финалето.

Бергелин ја добил наградата златен медал „Свенска дагбладет“ во 1950 година.

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1974 и 1981 година, тој како тренер на Бјорн Борг освоиле 11 Грен слем титули (6 Француски Опен во Париз и 5 Вимблдон во Лондон) од вкупно 16 Грен слем финалиња. Тие биле првата комбинација играч-тренер која освоила повеќе од 10 големи титули во Опен сферата. Во овој период тој му помогнал на Бјорн Борг да стане првиот играч во Отворените првенства кој освоил три големи турнири без да испушти ниту еден сет. Борг останал единствениот машки играч кој го освоил каналот-слем, а се мисли на францускиот опен Роланд Гарос и англискиот опен на Вимблдон. Тоа му успеало во 3 последователни години .До ден денес неговиот трениран играч (се мисли на Бјорн Борг) сè уште држи голем број рекорди освојувајќи 41 последователен сет (без да изгуби ниту еден сет) на Отвореното првенство на Франција во Париз (од 1979 до 1981 година) и друг рекорд кој се однесува на 41 последователна победа на опен Вимблдон во Лондон (од 1976 до 1981 година).

Бергелин починал во 2008 година. Според Питер Бенгтсон, портпарол на Шведската тениска асоцијација, тој починал од срцева слабост (срцев удар) во болница во Стокхолм.

Грен слем финалиња

[уреди | уреди извор]

Двојки (парови) (1 титула)

[уреди | уреди извор]
Резултат година првенство Подлога Партнер Противниците Резултат
Победи 1948 година Француско првенство Земја Чехословачка Јарослав Дробни Австралија Хари Хопман



Австралија Френк Седгман
8–6, 6–1, 12–10
  1. Lennart Bergelin, Bjorn Borg's coach, dies at 83, International Herald Tribune, 4 November 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]