Прејди на содржината

Индекс на телесна маса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Индекс на телесна маса
Дијагностика
MeSHD015992
MedlinePlus007196
LOINC39156-5

Индекс на телесна маса (ИТМ) е вредност добиена од масата и висината на единката. ИТМ е дефинирана како однос помеѓу телесната маса и квадратот на телесната висина, и се изразува во единици на kg/m2.

ИТМ претставува обид да се квантифицира количеството на ткивна маса (мускули, маснотии и коски) кај единката. Притоа, во зависност од добиената вредност, ја категоризира во следниве категории: неисхранетост, нормална тежина, прекумерна тежина и гојазност.

Категории

[уреди | уреди извор]
Гојазноста и ИТМ

Вообичаено ИТМ се користи за проценка колку телесната маса на единката се оддалечува од она што е нормално за висината на една личност. Вишокот или недостатокот на телесна маса, може да се должи делумно на телесните масти (адипозно ткиво) иако и други фактори како што е мускулната маса може значително да влијаат на ИТМ.[1]

ИТМ, основни категории
Категорија ИТМ (kg/m2)
Неисхранетост (Тешка) < 16.0
Неисхранетост (Умерена) 16.0 – 16.9
Неисхранетост (Блага) 17.0 – 18.4
Нормална тежина 18.5 – 24.9
Прекумерна тежина 25.0 – 29.9
Гојазност (Класа I) 30.0 – 34.9
Гојазност (Класа II) 35.0 – 39.9
Гојазност (Класа III) ≥ 40.0
  1. „About Adult BMI | Healthy Weight“. CDC (англиски). 2017-08-29. Посетено на 2018-01-26.