Забрането (филм од 1932)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Забрането“ (англиски: Forbidden) — американски филм од 1932 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Барбара Стенвик, Адолф Мењу, Ралф Белами и Дороти Питерсон.

Синопсис[уреди | уреди извор]

На крстарењeто до Куба, Лулу Смит (ја игра Стенвик) се заљубува во Боб Гровер. По враќањето дома, таа ја прекинува љубовната врска откако тој ѝ соопштува дека е оженет. Лулу останува бремена и го раѓа бебето, но за тоа не му кажува на Боб, кој е политичар со успешна кариера. Во јавноста, таа се претставува како дадилка на бебето. Но, кога Боб ја дознава вистината, тој го посвојува девојето, а никому не кажува кое е тоа. Лулу се вработува во еден весник. Работите се усложнуваат кога уредникот објавува валкани вести за Боб Гровер, а истовремено сака да се ожени со Лулу.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]