Женски фес
Фес е вид на капа, прекривка за глава, која е изработувана од меко волнено сукно - чоја, најчесто во црвена боја. Покрај машкиот фес, кој бил неизоставен дел од српската народна носија во текот на XIX и првата деценија на XX век (односно I балканската војна кога се напушта обичајот), разликуваме и женски фес или фешче.
Изглед
[уреди | уреди извор]Во српската народна носија разликуваме неколку женски оглавја, како што се конѓа со забрадувач, фес со шамија, фес со тепелук, џега, хауба, смиљевац, тарпош...
Женскиот фес се носел во комбинацији со шамија, како и во комбинација со тепелук, а честопати бил украсен и со грана.
Женскиот фес или фешче е плитка капа од црвено сукно, која за коса се прицврстувала со стублици игли со разнобојни црвени главчиња. Поимотните жени фесот го поднижувале со метални пари (цванцики, златници, дукати). Во некои краеви фешчето се прекривало со шамија.
Женскиот фес бил и неизоставен дел од женското облекување за празничните денови, и дел од невестинската носија.
Невестите во Јадран носеле црвени фесчиња на главата, на што се прицврстувале плетенки од коса со игли со стакленио главчиња. Помеѓу фесот и плетенката, се ставала разнобојна завртена шамија со прстен на средина. За фешчето исто така се прицврстувал вел, со должина од 30 до 40 см, кој паѓал преку грбот.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Владимир Кариќ кажува дека ,,фес со шамија се носел во целото Дринско водопаѓање, понувајќи од Видојевице, потоа во делокругот на водопаѓањето на Западна Морава, до Котелник и во водопаќањето на Ибар. Освен во целиот подрински, ужички и чачански округ, фесот ја зафваќа уште и јужната пола на рудничкиоти западната пола на крушевачкиот округ.“[1] Се носел и во Стар Влах и новопазарскиот крај.
Напуштање на обичајот
[уреди | уреди извор]По I балканска војна и помеѓу двете светски војни фесот се губи од женската народна носија, го носеле само некои постари жени во некои свечени прилики или во него се погребувале.