Прејди на содржината

Екстремни спортови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Екстремен спорт наречен исто така (акционен или авантуристички спорт) е популарен термин за одредени активности кои имаат својство на високо ниво на опасност.

Под овие активности најчесто се подразбира голема брзина, висина, високо ниво на физички напор, специјализирана опрема и сепктакуларни акробации. Дефиницијата за екстремни спортови не е точно дефинирана, иако истражувањата покажаа дека на пример велиозипедизмот е спорт со највисок степен на повреди ,сепак не се смета за екстремен спорт поради тоа што не се издвојува премногу од вообичаените спортови. Потеклото на терминот исто така не е доволно јасно, но самото име се стекна со голема популарност во 1999 кога беше избрано од една маркетинг компанија за пормоција на Икс игрите.

Додека употребата на терминот екстремен спорт значително се прошири со цел да ги објасни многуте различни активности, сè уште е предмет на дискусија кои спортови се екстремни спортови. Сепак, има неколку заедничи крактеристики својствени за сите екстремни спортови. Иако не секогаш, но целната група на екстремните спортови е младата популација. Екстремните спортови ретко се воведени од страна на училиштата, во училишите програми. Tиe имаат повеќе тенденција да бидат независни отколку традиционални спортови. Последователно на тоа, почетниците во екстремните спортови претендираат кон тоа да работат без надзор од тренер, иако некои од нив ангажираат тренер подоцна.

Како екстремните спортови, од страна на медиумите, се сметаат спортови кои се разликуваат од обичните поради големиот број на неконтрлирани променливи. Спортистите во овие активности не се натпреваруваат само против други, туку и се соочуваат и со пречки во природата и други предизвици.Овие пречки се должат најачесто на времето, теренот како и ветерот, снегот, водата и планините. Бидејќи овие природни појави не може да се контролираат, тие често влијаат на крајниот резултат на даден настан или активност. Во традиционалните спортови,спортистите се натпреваруваат едни против други и ви контролирани услови. Иако е можно да се создаде контролиран спортски настан како што е Х игри, често постојат променливи кои не можат да останат непроменети за сите спортисти. Примерите вклучуваат снег за сноубордерите, квалитетен мраз и карпа за планинарите и облик и висина на бранот за сурферите. Иако критериумите во традиционалните спортови според кои се оценуваат изведбите се далечина ,време , рејтинг ,изведувачите на екстремните спортови повеќе се оценети според критериумите на субјективност и естетика (изведувачите на екстремните спортови се повеќе субејктивно и естетски оценети.) Ова резултира со тенденција да се отфрлат стереотипните методи на оценување при судење, со цел да се создадат сопствени идеали кои ќе ги унапредат стандардите за оценување.

Класификација
[уреди | уреди извор]

Во 2004 авторот Џо Томилсон направи класификација на екстремните спортови според местото на случување,односно кои спортови каде се одвиваат. Спортовите беа поделени на активности во воздух,вода или копно. Наведени се 9 воздушни спортови меѓу кои BASE jumping, bungee jumping, gliding, hang gliding, high wire, ski jumping, sky diving, sky surfing, и sky flying. 18 копнени спортови се :indoor climbing, adventure racing, aggressive inline skating, BMX, caving, extreme motocross, extreme skiing, freestyle skiing, land and ice yachting, mountain biking, mountain boarding, outdoor climbing, sandboarding, skateboarding, snowboarding, snowmobiling, speed biking, speed skiing, scootering и street luge, додека 15 водни спортови се : barefoot water skiing, cliff diving, free-diving, jet skiing, open water swimming, powerboat racing, round the world yacht racing, scuba diving, snorkeling, speed sailing, surfing, wakeboarding, whitewater kayaking, windsurfing.

Историја
[уреди | уреди извор]

Потеклото на терминот "екстремни спортови", од "Спорт" датираа од 1950-тите во појавата на една обична фраза, но погрешно, му се припишува на Ернест Хемингвеј.

Фразата е: "Постојат само три спорта:. Борби со бикови, трки со мотори, и планинарење, сите останати се само игри"

Импликација на таа фраза е дека зборот "спорт" е дефинирана активност во која некој би можел да биде убиен. Другите активности се нарекуваат "игри".

Во последниве децении терминот екстремен спорт дополнително беше промовиран од страна Х игри, мулти-спортски настан замислен и развиен од страна ESPN. На првите X Игри (познати како 1995 Екстремни игри) се одржаа во Њупорт, Провиденс, на планината Снег, и Вермонт во САД.

Книга за историјата на спортот беше објавена во 2004 година. Во книгата се даде преглед на историјата, културата, бизнисот ,интервјуа со спортисти, сопственици на компании, и осврт на пазарот.

Маркетинг
[уреди | уреди извор]

Некои тврдат дека разликата меѓу екстремните и обичните спортови не е само во маркетнигот туку и во перцепрцијата за тоа колкаво ниво на опаснот е вклучено и колку многу адреналин постои. Спортотот како што е rugby union, иако е опасен и има адреналин, сепак не спаѓа во категоријата на екстремни спортови кои се верни на нивната традиоцнална слика и не поседува одредени работи кои другите екстремни спортови ги имаат, како што се на пример висико ниво на брзина и изведбата на акорбации. Трките во Demolition derby кои важат како спорт за возрасни обично не се сметаат за екстремен спорт, додека BMX трките за кои се мисли дека е спорт за млади ,се смета за екстремен спорт.

Последователно на генрацискиот јаз еден вистински белег на екстремниот спорт е аурата на контра културата или одбивањето на авторитет и статус кво од незадоволната младина. Дефиницијата за екстремните спортови се менува во текот на годините поради маркетингшките трикови. Кога терминот се појави за првпат околу доцните 80-ти/раните 90-ти беше употребуван за возрасни спортови како што се skydiving, scuba diving, surfing, rock climbing, snow skiing, water skiing, snowboarding, mountain biking, mountaineering, storm chasing, hang gliding, bungee jumping и многу од нив имаа невиден раст на популарноста во тоа време. Outside списанието го актуелизира значењето на терминот и ако постоеше стил на облека поврзан со есктремните спортови тоа беше “удобниот” изглед кои фаворизира имиња на брендови поврзани со планинарење и кампување како што се The North Face и Patagonia, Teva сандалите или чизми за пешачење,обувки итн. Терминот во денешно време повеќе се однесува на спортовите за млади како skateboarding, snowboarding, aggressive skating, FMX и BMX и е тесно поврзан со маркетникшките напори чија цел се младата генерација како што се на пример,рекламните кампањи за Mountain Dew и со нивните омилени стiлови на музика и облека,особено урбаниот растргнат стил на облека кои се поистоветува со скејтерите и брзиот и гласен алтернативен рок. Промена во стиловите се должи делумно и на генерациската смена бидејќи со созревањето на Боби Бумерс и Генерација Икс и маректингшките напори поврзани со екстремните спортови се префрлија кон маладата генерација некаде во средината па сè до крајот на 1990-те години. Терминот стекна популарност со доаѓањето на Икс игрите направени за телевизиска колекција на настани.Рекламните агенти брзо препознаа какво влијание имаше настанот врз публиката,а како последица на тоа натпребарувачите и организаторите не сакаа спонзорство.Високиот профил на екстремните спортови и културата што ги опкружува придонесоа до пародии како Extreme ironing, urban housework, extreme croquet, и house gymnastic

Дел од овие активности, во поглед на некои е нивната наводна способност да предизивкаат чувство на адреналин кај учесниците.Сепак,медицинскиот став е дека адреналинот поврзан со активноста не е поради тоа што адреналинот се ослободува како последица на стравот туку поради зголемените нивоа на dopamine, endorphins и serotonin поради зголемениот степен на физички напор.Неодамнешна студиј смета дека врската меѓу адреналинот и “вистинските ” екстремни спортови е тесно поврзана.Студијата ги дефинираше екстремните спортови како рекреативна активност каде што најверојатниот резултат при најмала грешка или несреќа би значел смрт.Оваа дефиниција е создадена со цел да се издвои маркетингшкиот публицитет од активноста.Друга одлика на овие споротви е што имаат тенденција да бидат повеќе поединечни отколку тимски спортови.Екстремните спортови можат да бидат од натпреварувачки или забавен карактер.

Мотивација
[уреди | уреди извор]

Ерик Бример откри дека потенцијалот на различни извонредни искуства кој човекот ги имал меѓу кои и активностите како што се медитација се многу важен дел во искуството во екстремните спортови.

Некои од овие спортови постојат со години и нивните генерациски следбеници се на добар пат да станат познати личности. Од Rock climbing и ice climbing произлегоаа многу познати имиња како што се Едмунд Хилари,Крис Бонингрон,Волфганг Гулич и од неодамна Џо Симпсон.Друг пример е и surfing,измислен пред векови од жителите на Хаваи.