Бранов облик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Приказ на синусоида, квадратен, триаголен и назабен бран.
Синусоида, квадратен и назабен бран при 440 Хц

Брановиот облик (бранова форма) е обликот на еден сигнал како бран што се движи низ физичка средина или како апстрактна претстава.

Во многу случаи, средината низ која минува бранот не допушта непосредна видлива претстава на обликот. Во овој случај, поимот „бранов облик“ е обликот на графиконот со менливи количества во дадено време или растојание. Брановите сликовно се претставуваат на осцилоскоп како повторлива слика на екран.

Примери[уреди]

Common периодични бранови облици се (t = време):

  • Синусоида: sin (2 π t). Амплитудата на брановиот облик следи тригонометриска синусна функција во однос на времето.
  • Квадратен бран: saw(t) − saw (t − duty). Најчесто се употребува за претставување на дигитални информации. Квадратниот бран со постојан период содржи непарна хармонија што опаѓаат на −6 дБ/октава.
  • Триаголен бран: (t − 2 floor ((t + 1) /2)) (−1)floor ((t + 1) /2). Содржи непарна хармонија што опаѓа на −12 дБ/октава.
  • Назабен бран: 2 (t − floor(t)) − 1. Личи на пила. Честопати се среќава кај временските бази за читањето на редовите кај екраните. Се користи и како појдовна точка при суптрактивна синтеза, бидејќи назабениот бран на постојан период содржи непарна и парна хармонија што опаѓа на −6 дБ/октава.

Постојат и други „сложени“ бранови облици кои претставуваат собрани комбинации од разни синосоидни бранови или други базни функции.

Фуријеовата низа го опишува разлагањето на периодичните бранови облици, така што секој бранов облик може да се добие од збирот на (можеби бесконечно) множество на хармониски составни делови. Непериодичните бранови облици со конечна енергија може да се разложат на синусоиди по пат на Фуријеова трансформација.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]