Доротеја Ланг
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Доротеја Ланг | |
---|---|
Доротеја Ланг во 1936 | |
Роден(а) | Доротеја Маргарета Нутцхорн 26 мај 1985 година Hoboken, New Jersey, U.S. |
Починал(а) | 11 октомври 1965година San Francisco, California, U.S. | (70 години)
Националност | Американка |
Познат(а) по | Photography |
Сопружник | Мајнард Диксон (1920–1935) Пол Шустер Тејлор(1935–1965) |
Доротеја Ланг (26 мај 1895- 11 октомври 1965) е американска фоторепортерка и фотограф, најпозната по фотографиите во времето на Големата депресија во Америка и работата во Управата за заштита на фармери. Работата на Ланг ги овековечила последиците од Големата депресија и извршила влијание во развојот на документарна фотографија.
Живот и дело
[уреди | уреди извор]Доротеја Ланг е родена во фамилијата на германски имигранти на 26 мај 1895 година во Блумфилд 1041, Хобокен, Њу Џерси. Таа е родена како Доротеја Маргарета Нуцхорн. Еден од потрауматичните настани во нејзиниот живот е напуштањето на семејството од нејзиниот татко кога таа имала само дванаесет години, па поради тоа се откажува од татковото презиме земајќи го моминското презиме на нејзината мајка „Ланг“. Друг таков момент е кога се разболува од детска парализа на седум годишна возраст оставајќи ја куца на десната нога целиот свој живот. За нејзиниот физички недостаток во една прилика таа изјавува: „ Тоа ме оформи, ми го трасира патот, ме води, ми помогна и ме омаловажи воедно. Никогаш не го преболев и сум свесна за силата и моќта која ми ја даде“.
Кариера
[уреди | уреди извор]Ланг го завршува женското средно училиште „Вадлеј“, a се образова во областа на фотографијата на Универзитетот Колумбија во Њујорк во класата на Кларенс Х. Вајт. Таа е работи во неколку неколку фото студија како чирак во Њујорк (едно од студијата е тоа на Арнолд Гент) каде неформално се дообразува. Во 1918 година го напушта Њујорк заедно со една од нејзините пријателки за да патува низ светот, но нејзиното патување завршува во Сан франциско поради грабеж и таа останува да живее таму работејќи како photo finisher. Живее покрај брегот на Беркли до крајот на својот живот каде отвора фото студио за портрети кое своевремено ја достигнува својата слава. Во 1920 година се мажи за исклучителниот сликар од западот Мајнард Диксон, со кој има два сина, Даниел, роден 1925 година и Џон, роден 1930 година. Во зародишот на Големата депресија таа го пренасочува својот објектив од студиото кон улиците каде започнува со истражувања на животот на бездомниците и невработените. Нејзината фотографија „Белиот ангел на работ“ (1933) на која е прикажан осамен човек со завртен грб на толпа луѓе кои стојат пред кујна во која се служи супа, го привлекува вниманието на локалните фотографи и и обезбедува место во Агенцијата за иселеништво
Во зародишот на Големата депресија таа го пренасочува својот објектив од студиото кон улиците каде започнува со истражувања на животот на бездомниците и невработените. Нејзината фотографија „Белиот ангел на работ“ (1933) на која е прикажан осамен човек со завртен грб на толпа луѓе кои стојат пред кујна во која се служи супа, го привлекува вниманието на локалните фотографи и и обезбедува место во Агенцијата за иселеништво (РА) и Управата за заштита на фармери(FSA).
Агенција за иселеништво
[уреди | уреди извор]Во декември 1935 година, Ланг се разведува од Диксон и се премажува за економистот Пол Шустер Тејлор, професор по економија на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Во следните пет години го документира животот во руралните области заедно со својот сопруг, а особено внимание посветува на експлоатацијата на закупците и мигрантските работници.- Тејлор ги интервјуира и собира податоци во својата област, а Ланг фотографира.
Со работата во Агенцијата за иселништво и УЗФ, истражувајќи на темата на сиромашните и заборавени луѓе, особено закупците, присилно разделени фармерски фамилии и работници мигранти, тие го привлекуваат вниманието на јавноста. Нејзините фотографии се појавуваат во дневните весници низ целата земја и стануваат белег на една ера.
Едно од најпрепознатливите дела на Ланг е „Мајка Мигрант“. Жената на фотографијата е Флоренс Овенс Томпсон.
За своето искуство за оваа фотографија во 1960 година Ланг изјавува:
I saw and approached the hungry and desperate mother, as if drawn by a magnet. I do not remember how I explained my presence or my camera to her, but I do remember she asked me no questions. I made five exposures, working closer and closer from the same direction. I did not ask her name or her history. She told me her age, that she was thirty-two. She said that they had been living on frozen vegetables from the surrounding fields, and birds that the children killed. She had just sold the tires from her car to buy food. There she sat in that lean-to tent with her children huddled around her, and seemed to know that my pictures might help her, and so she helped me. There was a sort of equality about it.[1]
По враќањето на Ланг од кампот, таа разговара со уредникот на дневниот весник „Сан Франциско“ за условите таму, каде му доставува две од нејзините фотографии. За тамошната ситуацијата тој ги информира јавните власти и издава статија на која ги објавува фотографиите. Како резултат на ова, властите веднаш започнуваат да преземаат мерки за подобрување на мизерните услови во камповите.[2]
Според синот на Томпсон, Ланг ги преувеличила деталите од приказната, но и покрај тоа, фотографијата е своевиден доказ за начинот на живот на мигрантите. Фотографиите на Ланг направени за потребите на Управата за заштита на фармери се објавени во книгата на Џон Стеинбек „Цигани жетвари“ издадена од Сан Франциско Њуз во 1936 година.
Јапонско-американска интернација
[уреди | уреди извор]Во 1941 година Ланг ја добива наградата за особено достигнувања во фотографијата од Друштвото Гугенхајм. По нападот на базата Перл Харбор се откажува од престижната награда за да ја фотографира присилената евакуација на јапонците од Америка од западниот брег, под наредба на воените власти. Ланг целосно ја покрива веста за нивното насилно протерување, по кое следи затвор и продолжува да патува низ урбаните и рурални предели низ Калифорнија со цел да фотографира фамилии кои се подготвуваат да го напуштат местото на живеење. Посетува неколку привремено отворени центри за грижа за конечно да се смести во Манзанар- првиот привремен камп за интернација. Нејзината работа е исчекување на моменти на секојдневите настани во кампот како на пр. багаж кој треба да се сортира, фамилии со значки со имиња кои чекаат да бидат сместени итн. За многумина, фотографијата од јапонските деца родени во Америка кои се заколнуваат на верност под американското знаме пред да бидат ипратени во камповите е потсетник за оваа манипулативна политика на затворање луѓе без да бидат осудени на некаков вид на криминал.
Критиката која ја носат нејзините фотографии не е тешко да се воочи, па поради тоа воените сили конфискуваат голем дел од нив и тие не се прикажани во јавноста повеќе од педесеттина години. Денес тие фотографии од камповите за интернација се достапни во Националните архиви на мрежното место на STILL Photographs Division и библиотеката Банкрофт на Универзитетот на Калифонија, Беркли.
Факултет за применета уметност во Калифорнија
[уреди | уреди извор]Во 1945 година по покана од Ансел Адамс Ланг прифаќа да биде дел од првата катедра за фотографија на факултетот за применета уметност во Калифорнија. Имоџен Канингам и Мајнор Вајт се придружуваат исто така.
Во 1952 година е соосновач на фотографското списание Апертур. Ланг и Пиркел Џонс во средината на педесеттите години добиваат задача од магазинот Лајф да ја документираат смртта на градот Монтичели во Калифорнија, чии жители се преселени поради изградбата на браната Пута Крик за формирање на езерото Бериеса. Маагазинот не ја објавува репортажата, па Ланг посветува цело издание на оваа тема за своето списание Апертур. Колекцијата на фотографии е изложена во уметничкиот институт во Чикаго во 1960 година. Следна серија фотографии објавени во магазинот Лајф е онаа за адвокатот Мартин Пулич во 1954 година која потекнува од интересот на Ланг, за тоа како сиромашните луѓе се одбранети од судскиот систем, кој всушност е поттикнат од нејзиното искуство со апсењето и судската парница на нејзиниот брат. Ланг помага на својот пријател Едвард Стеихен во МоМа со регрутирање фотографи за неговата интернационална изложба „Фамилијата на народот“ користејќи ги контактите во Управата за заштита на фармери и магазинот Лајф, кои го промовираат проектот на своите колеги. Во 1953 година пушта јавно писмо до фотографите низ целиот свет со цел да регрутира што повеќе од нив со пораката „Покажете човек на човек- Со ова се надеваме дека преку фотографијата ќе допреме до човековите желби и аспирации, неговата сила и неговиот очај пред злото. Ако фотографијата ја има моќта да ги оживее овие страни на човекот, оваа изложба ќе биде создадена во духот на страста и посветата на надежта на човекот. Не треба да постои ништо помалку од ова“ Делата на Ланг од оваа изложба допираат до сетилата на повеќе од девет милиони луѓе [3]
Смрт и наследство
[уреди | уреди извор]Последните дваесет години од нејзиниот живот ги поминува со многу кревко здравје. Боледува од гастроинтестинални проблеми и проблеми поврзани со болеста од своето детство- иако ова навраќање на болеста во подоцнежни години било сè уште непознато на физиологијата.
Ланг умира на седумдесет годишна возраст од рак на хранопроводот на 11 октомври 1965 година во Сан Франциско, Калифорнија. Нејзината работа останува да живее благодарение на нејзиниот втор маж Пол Тејлор, нејзините две деца, трите деца од нејзиниот сопруг и многу внуци и правнуци. Три месеци по нејзината смрт, музејот за модерна уметност во Њујорк одржа ретроспектива на целокупната нејзина работа. Во 1972 година музејот за американска уметност „Витни“ искористи дваесет и седум од делата на Ланг во изложбата „Извршна наредба број 9066“, која ја прикажа јапонската интернација за време на Втората светска војна. Оваа одредба е потпишана од Франклин Рузвелт во февруари 1942 година со која се дозволи интернација на јапонци, италијанци и Германци од Америка во мигрантските кампови. Во 2006 година во Нипомо, Калифорнија, во близината на местото каде е снимена фотографијата „Мајка Мигрант“ едно основно училиште го добива името „Доротеја Ланг“ во нејзина чест . На 28 мај 2008 година гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер и првата дама Марија Шривер прогласуваат дека Ланг ќе биде внесена во Домот на славните во Калифорнискиот музеј на историјата, жената и уметностите. Церемонијата е одржана на 15 декември кога нејзиниот син ја прими честа во нејзино име. На 29 август 2014 година се одржува премиерата на филмот „Американски Мастери- Доротеја Ланг: Зграби парче светлина“ на Јавниот програмски сервис. Како режисер и раскажувач на филмот свое уникатно гледиште за животот на Доротеја дава нејзината внука петократен добитник на наградата ЕМИ, кинематографката Дијана Тејлор. Во филмот се прикажуваат фотографии, кои дотогаш не стигнале до окото на јавноста како и семејни снимки и интервјуа. Во 2013 година се издава книга со фотографиите на Доротеја Ланг и е единствената монографија на Ланг во принт.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (Popular Photography, Feb. 1960)
- ↑ „Dorothea Lange ~ Watch Full Film: Dorothea Lange: Grab a Hunk of Lightning“. American Masters. PBS. August 30, 2014. Посетено на September 10, 2015. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ Partridge, Elizabeth (1994). Dorothea Lange–a visual life. Washington and London: Smithsonian Institution Press. стр. 26. ISBN 1-56098-350-7. Укажано повеќе од еден
|last1=
и|last=
(help); Укажано повеќе од еден|first1=
и|first=
(help); Укажано повеќе од еден|ISBN=
и|isbn=
(help)