Дипломат
Дипломат е официјален државен служител, кој располага со неопходните права и овластувања, кој користи општо-прифатени олеснувања, имунитет и привилегии да ја извршува дипломатската дејност за реализација на надворешната политика и реализација на односите со други држави.
Дипломатите во литературата
[уреди | уреди извор]Во литературата дипломатот обично се претставува како умен, искусен, потаен човек. Тој е воспитан, комуникативен, со пријатен изглед и секогаш го следи успех. Од повеќето определувања и оценки за дипломатот има пофални и сатирични, добронамерни и иронични, сериозни и наивни. Во Древна Кина дипломатите биле највнимателно избирани - секогаш биле од аристократско потекло, благородни мажи натоварени со одговорност и доверба. Во Древна Грција се тврдело дека искусниот дипломат вреди повеќе од искусниот генерал. Додека Оскар Вајлд сметал дека дипломатите се од корист само да ги снабдуваат своите пријатели со подобар тутун.
Должност
[уреди | уреди извор]Секојдневната работа на дипломатот се состои од проучување, анализа и давање предлози за делотворно спроведување на наворешната политика. Затоа, дипломатската дејност се дава на луѓе кои ја имаат довербата на државните органи. Дипломатите треба да се личности безусловно предани на својата држава, треба да имаат широки, задлабочени и многустрани теориски и практични знаења, специфични квалитети, интелегенција, добри манири и познавање на повеќе јазици. Должноста на дипломатите обично се совпаѓа со нивниот ранг. Затоа е добро да се разграничат два поими кои често се мешаат - дипломатски клас и дипломатски ранг.
Дипломатски клас
[уреди | уреди извор]Класот на дипломатот ја одразува неговата службена положба во дипломатското претставителство. Тој се определува од нормите на меѓународното право како и од нивото на воспоставените дипломатски односи меѓу државите.
Дипломатски ранг
[уреди | уреди извор]Дипломатскиот ранг е личен ранг на дипломатот и му се дава во сооднос со законите на секоја држава. Општо прифатени се следниве 5 ранга (почнувајќи од најнискиот):
- посланик
- полномошен министер
- советник
- секретар
- аташе
Литература
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
- Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
- Игор Јанев, Меѓународни организации и интеграции, Институт за политички студии, Белград, 2008
- H. G. Shermers, International Institutional Law, Martinus - Nijhoff Publishers, Netherlands, 1980
- Black, Jeremy. A History of Diplomacy (U. of Chicago Press, 2010) ISBN 978-1-86189-696-4
- Berridge, G. R. Diplomacy: Theory & Practice, 3rd edition, Palgrave, Basingstoke, 2005, ISBN 1-4039-9311-4
- Cunningham, George. Journey to Become a Diplomat: With a Guide to Careers in World Affairs FPA Global Vision Books 2005, ISBN 0-87124-212-5
- Dorman, Shawn, ed. Inside a U.S. Embassy: How the Foreign Service Works for America by American Foreign Service Association, Second edition February 2003, ISBN 0-9649488-2-6
- Callieres, Francois De. The Practice of Diplomacy (1919)
- Fischer, Roger and Ury, William L. Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In (1991)
- Hill, Henry Bertram. The Political Testament of Cardinal Richeleiu: The Significant Chapters and Supporting Selections (1964)
- Kennan, George F. American Diplomacy (Walgreen Foundation Lectures) (1985)
- Kissinger, Henry. A World Restored: Metternich, Castlereagh, and the Problem of Peace: 1812-1822 (1999)
- Henry Kissinger. Diplomacy (1999)
- Kurbalija J. and Slavik H. eds. Language and Diplomacy DiploProjects, Mediterranean Academy of Diplomatic Studies, Malta, 2001, ISBN 99909-55-15-8. The volume contains collection of paper presented at the international conference.
- Garrett Mattingly, Renaissance Diplomacy Dover Publications, ISBN 978-0-486-25570-5
- Metternich, Clemens von. Mettetnich: The Autobiography, 1773-1815 (2005)
- Nicolson, Sir Harold George. Diplomacy (1988)
- Nicolson, Sir Harold George. The Congress of Vienna: A Study in Allied Unity: 1812-1822 (2001)
- Nicolson, Sir Harold George. The Evolution of Diplomatic Method (1977)
|