Прејди на содржината

Граѓанска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Граѓански војни)

Граѓанска војна е војна помеѓу организираните групи во една иста национална држава, или поретко помеѓу две земји создадени од претходно обединети национални држави. Целта на едната страна може да е да преземе контрола на земјата или регионот, некој регион да стане независен, или да се смени владината политика. Тоа е пожесток конфликт ,во кој често се вклучени и редовните воени сили, и е постојан, организиран и со широки размери. Граѓанските војни може да резултираат со голем број на ранети луѓе и потрошувачка на значајните ресурси.

По завршувањето на Втората светска војна, Граѓанските војни во просек траеле малку повеќе од четири години, драматичен пораст за разлика од периодот од 1900 до 1944 кога во просек траеле по година и пол. Додека стапката на опасност од новите граѓански војни уште од средината на 19 век била стабилна, зголеменото траење на ваквите војни резултира со пораст на бројот на војни што се случувале во кое било време. На пример, во првата половина од 20 век немало повеќе од пет граѓански војни кои истовремено биле во тек, додека пак кон крајот на Студената војна преку 20 граѓански војни се случувале истовремено, пред да дојде крајот на значајниот пад на конфликтите силно поврзани со супермоќта на соперништвото. Уште од 1945 година, граѓанските војни резултираа со смрт на повеќе од 25 милиони луѓе, како и присилно раселување на милиони други. Граѓанските војни понатаму резултирале со економски пад: Бурма (Мјанмар), Уганда и Ангола се примери за народи за кои се сметало дека имаат ветувачка иднина пред да бидат проголтани од граѓанските војни.

Вниманието на стручњаците кои ја истражуваа причината за граѓанска војна им е привлечено од две спротивни теории, алчност наспроти поплаки. Грубо кажано: Дали конфликтите се предизвикани од луѓе коишто се во етничко, религиско или општествено здружување, или дали конфликтите започнуваат како резултат на тоа што нивниот почеток им е од економски интерес на поединци или одредени групи луѓе? Анализите на стручњаците го поддржуваат заклучокот дека економските и структурните причини се поважни отколку оние за идентитет како предскажувачи за појава на граѓанска војна

Објаснување

[уреди | уреди извор]

Џејмс Ферон, стручњак за граѓански војни на универзитетот Стенфорд, ја објаснува граѓанската војна како ,, насилен конфликт во рамките на една држава во која целта на организираните групи што се борат е да добијат моќ во центарот на државата, или во определен регион, или пак да ја сменат владината политика“. Ан Хиронака прецизира дека една од двете страни во граѓанската војна е државата. Јачината на која граѓанскиот немир преминува во граѓанска војна е оспорувана од академиците. Некои политички научници ја објаснуваат граѓанската војна како војна со повеќе од 1000 загинати, додека други тврдат дека најмалку 100 мора да има од двете страни. Корелацијата на војната, база која има широка употреба од стручњаците за конфликти, ги класифицира граѓанските војни како војни што имаат над 1000 жртви од конфликти поврзани со војните годишно. На пример оваа стапка е еден мал дел од милионите убиени во Втората Суданска граѓанска војна и Камбоџиската граѓанска војна, но вклучува неколку конфликти со голем публицитет како што се ,,Проблемите” на Северна Ирска и борбата на Африканскиот Национален Конгрес во ерата на апартхејдот во Јужна Африка.

Врз основа на критериумот 1000 жртви годишно, има 213 граѓански војни од 1816 до 1997 година, од кои 104 се случиле од 1944 до 1997 година. Ако некој го користи помалку ригорозниот критериум од оној за 1000 жртви, има повеќе од 90 граѓански војни меѓѕ 1945 и 2007 година, со 20 тековни граѓански војни во 2007 година. Дополнително објаснување

Конвенцијата во Женева не го дефинира конкретно терминот ,,граѓанска војна”. Сепак тие квалификуваниот критериумот за дела го опишуваат како ,, вооружен конфликт кој не е од меѓународен карактер“ , во кој се вклучени граѓанските војни. Помеѓу наведените услови има четири барања:

• Партијата што се бунтува мора да поседува дел од националната територија

• Бунтовничката државна власт мора да ја примене власта de facto над населението во рамките на одреден дел од националната територија.

• Бунтовниците мора на некој начин да бидат признаени како непријатели

• Правната Влада е ,, обврзана да се обрати за помош на редовните воени сили против бунтовниците организирани како војска“.

Битка на Тевкесбури (1471 год) во Војната на розите во Англија

Причини за граѓанска војна според моделот Колиер-Хоефлиер

[уреди | уреди извор]

Сеопфатно истражување на граѓанската војна е извршено од тим од Светската Банка во ран 21 век. Студиската основа, која е наречена модел на Колиер-Хоефлиер за споредба истражи 78 петгодишни зголемувања кога граѓанската војна се случила од 1960 до 1999 година, како и 1167 петгодишни зголемувања на ,,не граѓанска војна” и ги подложи податоците поставени на регресивна анализа за да се види ефектот од различните фактори. Факторите што покажаа дека имаат статистички значителен ефект врз можноста дека ќе се случи граѓанска војна во кој било период од пет години се:

Достапност на финансии

[уреди | уреди извор]

Голем дел од основните артикли во националниот извоз значително го зголемија ризикот од конфликт. Земја која е на ,,врвот на опасноста” со стока која опфаќа 32% од бруто-домашниот производ, има 22% ризик да западне во граѓанска војна во период од пет години, додека пак земја без извоз на стоки има ризик од 1%. Кога поделените, само нафта и не нафтените групации покажаа различни резултати: земја со релативно ниски нивоа на зависност од извоз на нафта е во помал ризик, додека земја со високо ниво на зависност од извоз на нафта резултира со малку поголем ризик од граѓанска војна отколку националната зависност од која било друга примарна стока. Авторите на студијата го протолкуваа ова како резултат на леснотија со која основните артикли може да се изнудат или заробат во споредба со другото богатство, на пример лесно е да се фати и контролира производството на рудник за злато или нафтено поле во однос на сектор за производство на облека или хотелски услуги. Втор извор на финансии е националната дијаспора, која од странство може да финансира бунтови и востанија. Студијата покажа статистички дека промената на големината на дијаспората на една земја од најмала во најголема презултира со шесткратно зголемување на шансите за граѓанска војна.

Можноста е цена на бунт

[уреди | уреди извор]

Зголеменото запишување на машки во средно образование, приходот по жител и стапката на економскиот пораст имаа значајни ефекти врз намалувањето на можноста за граѓанска војна. Поточно, запишувањето на машки во средно образование 10% над просекот ги намали шансите за конфликт за околу 3%, додека порастот на стапката за 1% повеќе од просекот на студијата резултираше со пад на можноста за граѓанска војна од околу 1%. Студијата ги протолкува овие три фактори како застапници за неминовна заработка од бунтот и затоа малата заработувачка на луѓето го охрабрува бунтот. Со други зборови: младите мажи (кои го сочинуваат поголемиот дел од борците во граѓанските војни) ако се здобиваат со образование или имаат задоволителна плата и кои разумно можат да претпостават дека ќе успеат во иднина се со помала веројатност да се приклучат на востанието. Нискиот приход по жител е даден како причина за штрајк и вооружен бунт. Сепак, за ова да биде вистинито, би се очекувало и економската нееднаквост да биде значаен фактор за бунтовите, но не е. Затоа студијата заклучува дека економскиот модел на опортунистичкиот трошок подобро ги објаснува наодите.

Воена предност

[уреди | уреди извор]

Високите нивоа на население во Дијаспората и во помала мера присуството на планински терен ја зголемија шансата за конфликт. И двата фактори се во корист на бунтовниците, како што населението во Дијаспората надвор од границите е потешко да се контролира од она сконцентрирано во централниот регион, така планините нудат терени каде бунтовниците можат да бараат засолниште.

Комунистички војници за време на битката на Сипинг, Кинесната граѓанска војна во 1946 година

Повеќето застапници за ,,поплаки” – теоријата каде граѓанските војни започнуваат поради проблемите за идентитет, а не економските – се статистички безначајни, вклучувајќи ја и економската еднаквост, политичките права, поделба на етнички заедници и религиозна поделеност. Само етничка доминација, случај каде најголемата етничка група го сочинува поголемиот дел од населението го зголемува ризикот од граѓанска војна. Земја што се одликува со етничка доминација има двапати поголема шанса за граѓанска војна. Сепак комбинираните ефекти од етничката и верската поделеност, т.е колку е поголема шансата дека кои било двајца случајно одбрани луѓе ќе бидат од посебни етнички или религиски групи, помала е шансата за граѓанска војна, се исто така позитивни и значајни сè додека земјата избегнува етничка доминација. Студијата го толкува ова на начин со кој се наведува дека има голема веројатност малцинските групи да бунтуваат ако почувствуваат дека некој доминира над нив, но таквите бунтувања се поверојатни да го направат похомогено населението и тоа ги смирува бунтовниците. Овие два фактори се сметаат како олеснувачи еден за друг во многу случаи.

Големина на населението

[уреди | уреди извор]

Различните фактори кои придонесуваат за зголемување на опасноста од граѓанска војна растат со зголемување на бројот на населението. Ризикот од граѓанска војна пропорционално се зголемува со големината на популацијата во земјата.

Колку повеќе време поминало од претходната граѓанска војна толку помала е веројатноста дека конфликтот ќе се повтори. Студијата има две можни објаснувања за ова: едната се заснова на можноста, а другата на неправдата. Поминатото време ја претставува можноста за амортизацијата на капиталот за кој се воде бунтот, а тоа ја зголемува можноста која што е виновна за повторното започнување на конфликтот. Алтернативно, поминатото време може да претставува постепен процес на смирување на старите омрази. Студијата открива дека присуството на Дијаспората значително го намалува позитивниот ефект на времето, како што средствата од Дијаспората го неутрализираат опаѓањето на вредноста на специфичниот капитал на бунтот.

Времетраење на граѓанските војни

[уреди | уреди извор]

Ан Хиронака, автор на ,,Бесконечни војни” ја дели модерната историја на граѓанските војни на пред 19 век, 19 век до ран 20 и доцен 20 век. Во 19 век во Европа должината на граѓанските војни значително падна, воглавно како резултат на природата на конфликтите како борби за превласт во центарот на државата, силата на централната власт и нормално брзата и решителна интервенција на други држави за поддршка на владата. По Втората светска војна времетраењето на граѓанските војни ја надмина нормата од пред 19 век, главно како резултат на слабоста на многуте постколонијални држави и интервенцијата на големите сили на двете страни на конфликтот. Најочигледната сличност помеѓу граѓанските војни е таа што тие се случуваат во најосетливите држави.

Граѓанските војни во 19 век и раниот 20 век

[уреди | уреди извор]

Граѓанските војни во текот на 19 век и раниот 20 век претендирале да бидат кратки, просечната должина на граѓанска војна меѓу 1900 и 1944 година била една и пол година. Самата држава во поголемиот дел од случаите е центар на власта, па така граѓанските војни се водат за контрола на државата. Ова нормално значи дека секој кој има контрола на капиталот и војската може да го скрши отпорот. Ако бунтовник не успее брзо да ги искористи капиталот и контролата на војската за себе, нормално е дека е осуден на брзо уништување. На пример борбата поврзана со Париската Заедница од 1871 речиси целосно се случи во Париз и заврчи брзо откако војската застана од страна на владата.

Моќта на не државните актори резултираше со пониска вредност на суверенитетот во XVIII и XIX век, што уште повеќе го намали бројот на граѓански војни. На пример, пиратите од крајбрежјето Барбари беа признати како де факто држави како резултат на нивната воена моќ. Пиратите од Барбари немаа потреба да бунтуваат за да добијат признаниеза својот суверенитет против Отоманското Царство која е нивна формална државна власт. Спротивно на тоа, државите како Вирџинија и Масачусес во САД немаат суверен статус, но имаат значајна политичка и економска независност заедно со слабата федерална контрола што им го намалува мотивот за отцепување.

Двете најголеми глобални идеологии, монархизмот и демократијата доведоа до неколку граѓански војни. Сепак би поларен свет поделен помеѓу двете идеологии не се разви главно како резултат на доминацијата на монархистите во поголем дел од периодот. Нормално монархистите интервираат во другите земји за да го запрат демократското движење, да преземат контрола и врз формирањето на демократски влади кои монархистите ги сметаа за опасни и непредвидливи. Големите сили на конгрес во Виена во 1815 дефинирани како Обединетото Кралство, Хабсбург Австрија, Прусија, Франција и Русија одлучија често да интервенираат во граѓанските војни на другите народи и речиси секогаш да бидат од страна на актуелната власт. Со оглед на воената сила на Големите сили, овие интервенции речиси секогаш беа одлучувачки и граѓанските војни завршуваа брзо. Има неколку исклучоци од општото правило за брзи граѓански војни од овој период. Американската граѓанска војна (1861-1865) е необична од најмалку две причини: се бореа за регионален идентитет наместо за политички идеологии и заврши како војна со многу загуби наместо со одлучувачка битка за контрола на капиталот како што и беше нормата. Шпанската граѓанска војна (1936-1939) е исклучок, бидејќи и двете страни на војната добија поддршка преку интервенција на големите сили: Германија, Италија и Португалија го порджаа водачот на опозицијата Франциско Франко, додека Франција и Русија ја поддржаа владата.

Граѓански војни од 1945 година

[уреди | уреди извор]

Во 1990-тите, околу дваесет граѓански војни се случуваа истовремено во просек за време од една година, стапка за десет пати поголема од историскиот просек од 19 век. Сепак стапката на нови граѓански војни не се зголеми значително, драстичното зголемување на тековни војни по Втората светска војна е резултат на тројното зголемување на просечното времетраење на граѓанските војни на четири години. Ова зголемување е резултат на порастот на бројот на држави, чувствителноста на државите формирани по 1945 година, падот на меѓудржавните војни и соперништвото во Студената војна.

По Втората светска војна големите европски сили во голем број си ги одземаа своите колонии: бројот на поранешни колонијални држави по војната порасна од околу 30 до речиси 120. Стапката на формирање на држави се израмни во 1980 година така што останаа само неколку колонии. Повеќе држави исто така значи и повеќе држави кои ќе имаат долги граѓански војни. Хиронака статистички го мери влијанието на зголемениот број на поранешни колонијални држави како зголемување на зачестеноста на граѓански војни во периодот по Втората светска војна на +165% повеќе од бројот пред 1945 година. Покрај тоа што новите поранешни колонијални држави почнаа да ја следат шемата за идеализирана држава и да имаат: централизирана власт, територија со дефинирани граници и народ со дефинирани права и други додатоци како државно знаме, химна, место во Обединетите Нации и официјална економска политика, во реалноста тие беа далеку послаби од западните држави по кои и беа моделирани. Во западните држави структурата на владите се совпаѓа со вистинската способност на државата што со векови беше напорно да се развие. Развојот на силни административни структури, особено оние поврзани со екстракција на даноци е тесно поврзано со интензивно војување помеѓу грабливите европски држави во XVII и XVIII век или познатата формулација на Чарлс Тили: ,,Војната ја прави државата и државата ја прави војната“. На пример формирањето на современите држави на Германија и Италија во 19 век е тесно поврзано со војните за проширување и консолидација на чело со Прусија и Сардинија. Западниот процес на формирање ефективни и безлични бирократии, развој на ефикасни даночни системи и интеграција на државната територија продолжи и во 20 век, дури и во Првата светска војна некои француски воени обврзници од руралните средини не можеа да го кажат името на земјата за која се борат. Сепак западните држави кои преживеале до втората половина на 20 век се сметаат за силни од едноставна причина што тие успеале да ги развијат институционалните структури и воената способност потребна за да се преживее незаситноста на нивните соседни држави.

Во голем контраст деколонизацијата беше сосема различен процес од државната формација. Повеќето империјални сили не предвидувале потреба да ги подготват нивните колонии за независност. На пример Велика Британија им даде ограничена самоуправа на Индија и Шри Ланка, а лекувањето на британскиот Сомалиец е малку повеќе од трговија на мислења, а сите главни одлуки за француските колонии се донесуваа во Париз и Белгија забрануваше каква било самоуправа сè додека одеднаш во 1960 година им даде независност на своите колонии. Како западните држави од претходните векови на новите поранешни колонии им недостигаше автономна бирократија која ќе донесува одлуки во корист на општеството како целина, наместо да одговара на корупцијата и непотизмот во корист на одредена група. Во таква ситуација некои делови манипулираат со државата во нивна корист или пак водачите на државите ја користат бирократијата за лични интереси. Недостатокот на веродостојно владеење беше зголемено од фактот дека повеќето од колониите беа економски загубари за независност немајќи економска продуктивна основа и даночен систем за ефикасно да ги извлече средствата од економската активност. Меѓу поретките држави профитабилни со деколонизација е Индија, а научниците сметаат дека може да и се приклучат и Уганда, Малезија и Ангола. Ниту царските овластувања не можеа да ја направат територијалната интеграција приоритет и можеби се обесхрабрија од почетниот национализам како опасност за нивното владеење. Многу нови независни држави се најдоа како сиромашни со минимален административен капацитет во општеството додека очекуваа да станат модерна држава. Таквите држави се сметаат за ,,слаби” или ,,кршливи”. Категоризацијата на силни и слаби не е иста како западни и незападни, како што некои латиноамерикански држави како Аргентина и Бразил и држави на Блискиот Исток како Египет и Израел се смета дека имаат ,,силна” административна структура и економска инфраструктура.

Историски гледано, меѓународната заедница ќе има слабо насочени држави кон територијална апсорпција или колонијална доминација или пак таквите држави ќе се разделат на парчиња доволно мали за да бидат делотворно спроведени и обезбедени од локалната власт. Сепак, меѓународните норми за суверенитетот се менуваат во екот на Втората светска војна на начини кои го поддржуваат и одржуваат постоењето на слаби држави. На слабите држави им е даден де јуре суверенитет еднаков со оној на другите држави дури и кога тие немаат де факто суверенитет или контрола над нивната територија, вклучувајќи ги и привилегиите за меѓународно дипломатско признавање и еднаков глас во Обединетите Нации. Понатаму меѓународната заедница им нуди помош за развој на слабите држави што ќе помогне да се одржи фасадата на функционална модерна држава, што ќе изгледа како државата да е способна да ги исполни своите одговорности за контрола и ред. Формирањето на силен меѓународен закон со режим и норми против територијалната агресија е силно поврзан со драматичниот пад на бројот на меѓудржавни војни што исто така се должи и на ефектот од Студената војна или на промената на природата и економскиот развој. Следствено, воената агресија што резултира во територијалната анексија стана многу веројатна да поттикне меѓународна осуда, дипломатска цензура, намалување на меѓународната помош или воведување на економски санкции или како во случајот од 1990 година инвазијата над Кувајт од Ирак, меѓународната воена интервенција да ја промени територијалната агресија. Слично на тоа, меѓународната заедница цврсто одби да ги признае сецесионистичките региони, а сепак оставајќи некои држави како Кипар и Тајван со дипломатско признавање на независност. Иако не постои едно големо тело за академска работа што ги разгледува односите, статистичката студија на Хиронака открива корелација која сугерира на тоа дека секоја поголема меѓународна декларација против отцепување го зголеми бројот на тековни граѓански војни за +10% или вкупно +114% од 1945 до 1997 година. Дипломатската и правната заштита дадени од страна на меѓународната заедница како и економската поддршка на слабите влади и спротивставувањето на сецесијата не сакајќи поттикна граѓански војни.

Има голем број на меѓународни интервенции во граѓанските војни од 1945 година што послужи за проширување на војните. И покрај тоа што интервенциите се практикуваат откако постои меѓународниот систем, неговата природа значително е изменета. Стана често и за државата и за опозициската група да добиваат странска помош, дозволувајќи им на војните да продолжат добро и да го поминат лесно моментот кога сите домашни ресурси се исцрпени. Велесилите, како што се Европските големи сили, отсекогаш не чувствувале грижа на совеста да интервенираат во граѓанските војни кои влијаат на нивните интереси, додека далечните регионални сили како САД би можеле да ја прогласат интервенционистичката доктрина на Монро од 1821 за настан во неговата централно американска позадина. Сепак, многубројното население на слабите држави по 1945 година дозволи интервенција од страна на поранешните колонијални сили, регионалните сили и соединетите земји кои и самите често имаат оскудни ресурси. Во просек, граѓанската војна со меѓудржавна интервенција е 300% подолга од онаа без. Гледани одделно, граѓанска војна со интервенција само од едната страна е 156% подолга, додека пак интервенцијата на двете страни ја издолжува просечната граѓанска војна за плус 92%. Ако една од земјите кои интервенираат е велесила, граѓанската војна е продолжена за плус 72%, конфликт како граѓанската војна во Ангола во која од двете страни имаше странска интервенција вклучувајќи и една велесила (всушност две велесили во случај на Ангола) беше во просек 538% подолга отколку граѓанска војна без меѓународна интервенција.

Последици од Студената војна

[уреди | уреди извор]

Студената војна (1945-1989) овезбеди глобална мрежа за материјална и идеолошка поддршка што ги продолжува граѓанските војни, кои главно се водеа помеѓу поранешните и слаби колонијални држави, наместо релативно силните држави кои беа здружени со Варшавскиот пакт и Северо-атлантската организација за договори. Во некои случаи велесилите ја наметнуваат идеологијата на Студената војна врз локалните конфликти, додека пак во други локалните глумци ја користат идеологијата на Студената војна за да го привлечат вниманието на велесилите. Користејќи посебна статистичка евалуација отколку горенаведената за интервенции, граѓанските војни кои вклучуваат про или анти комунистички сили траат 141% подолго отколку просечните конфликти од не Студената војна, додека Студената војна граѓанска војна која ја привлече интервенцијата на велесилите резултираше со војна која траеше околу трипати подолго отколку другите граѓански војни. Спротивно на тоа, крајот на студената војна обележан со падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година резултираше со намалување на времетраењето на граѓанските војни на 92% или кажано на друг начин зголемување за околку десет пати на стапката за решавање на граѓанските војни од Студената војна. Долгата Студена војна е поврзана со граѓанските војни запираат и ги вклучува војната во Гватемала (1960-1996), Ел Салвадор (1979-1991), Никарагва (1970-1990) и Перу (1980-2000).

Поврзано

1 Џејмс Ферон, ,, Граѓанската војна во Иран” во надворешни работи март/април 2007. За понатамошна дискусија за класификацијата на граѓанските војни види го делот ,,дефиниција”

2 Нации, пазари и војна. Современа историја и граѓанската војна во Америка/ преглед на книги EH.net ,, Две нации (во рамките на САД) развиени како резултат на ропството”. Октомври 2006 година. Преземено јули 2009 година

3 Ан Хиронака , Бескрајните војни: Меѓународната заедница, слаби држави и овековечување на граѓанската војна, прес од универзитетот Харвард, Кембриџ, Масачусес 2005 год, стр 3 ISBN 0674015320

4 Хиронака 2005 год страна 1-2, 4-5

5 види на пример, Хиронака (2005) страна 9-10 и Колиер, Пол, Ани Хоефлер и Николас Самбанис, ,,Колиер-Хоефлиер модел за почетокот на граѓанската војна и студија за истражувачкиот проект “ во Колиер и Самбанис, том 1, стр 13

6 Едвард Вонг ,, се работи за дефиниција: Што ја прави граѓанската војна и кој ја прогласува?” Њујорк Тајмс, 26 ноември 2006 година

7 Конечна евиденција на дипломатската конференција во Женева од 1949 година, (том 2-б стр 121)

8 Исто така видете го коментарот на меѓународниот комитет на црвен крст за третата Женевска конвенција, член 3 оддел А. Случаи на вооружен конфликт за ICRC читањето на дефиницијата и листа со предложени алтернативни зборови

9 Колиер и Самбанис, том 1, стр 17

10 Колиер и Самбанис, том 1, стр 16

11 Колиер и Самбанис, том 1, стр 18

12 Хиронака 2005, стр 28

13 Хиронака 2005, стр 1

14 Хиронака 2005, стр 28-29

15 Хиронака 2005, стр 29

16 Хиронака 2005, стр 30

17 Хиронака 2005, стр 31

18 Хиронака 2005, стр1, 4-5

19 Хиронака 2005, стр 7 и 23

20 Хиронака 2005, стр 36

21 Хиронака 2005, стр 40

22 Хиронака 2005, стр 54

23 Хиронака 2005, стр 6

24 Хиронака 2005, стр 58

25 Хиронака 2005, стр 59-61

26 Хиронака 2005, стр 56

27 Хиронака 2005, стр 6

28 Хиронака 2005, стр 16

29 Хиронака 2005, стр 37-40

30 Хиронака 2005, стр 50-51

31 Хиронака 2005, стр 48-50

Библиографија

[уреди | уреди извор]

• Али, Тајсер Мухамед Ахмед и Роберт О. Метјуз, Граѓанските војни во Африка: корени и резолуција (1999), 322 страници

• Матс Бердал и Дејвид М. Мелоун, алчност и огорченост: Економски агенди во граѓанските војни ( Лин Риенер 2000)

• Пол Колиер, Кршење на конфликтната стапица, граѓанска војна и политички развој на Светската банка (2003) – 320 страници

• Колиер, Пол; Самбанис, Николас, (2005 год) Разбирање на граѓанската војна, докази и анализа, 1 Африка. Вашингтон, Светската банка ISBN 978-0-8213-6047-7.

• Колиер, Пол; Самбанис, Николас, (2005 год) Разбирање на граѓанската војна, докази и анализа, 2 Европа, Средна Азија и други региони. Вашингтон, Светската банка ISBN 978-0-8213-6049-1

• Статис Каљас, Нови и стари граѓански војни, важна разлика? Светска политика 54, бр.1 (2001): 99-118.

• Дејвид Лејк и Доналд Ротчајлд, Меѓународно ширење на етнички конфликти, страв, дифузија и ескалација (Princeton University Press, 1996).

• Рој Ликлиндер, Последиците од преговарачките седишта во граѓанските војни 1945-1993 год, Американски политички науки, прегледајте 89 бр 3, (летото 1995 год) стр 681-690.

• Ендрју Мек, Граѓанска војна: Академски истражувања и политичка заедница , весник на мировни истражувања 39 бр.5 (2002 год) стр 515-525.

• Дејвид Т. Мејсон и Патрик З. Фет, Како завршуваат граѓанските војни, рационален пристап на избор, весник за разрешување на конфликти 40, бр.4 (есен 1996) 546-568.

• Патрик М. Реган, Граѓански војни и странска моќ, надворешна интервенција во внатрешните конфликти (2000) 172 страници

• Стивен Џон, Завршување на граѓанските војни: имплементација на мировните договори (2002 год) 729 страници

• Моника Дафи Тофт, Географијата на етничкото насилство: идентитет, интереси и неделивоста на територии ( Принстон: прес на универзитетот Принстон, 2003 год) ISBN 0-691-12383-7.

• Барбара Ф. Волтер, Посветувајќи се на мирот: Успешно решавање на граѓанските војни ( прес на Принстон универзитетот 2002 год)

• Елизабет Жан Вуд, Граѓански војни: Што ние не знаеме, глобално владеење вол 9 2003 п.п. 247 + интернет верзија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Доктрина за кралските воздухопловни сили – Природата на војната и вооружените конфликти
  • Доктрина за кралските воздухопловни сили - Природата на војната и вооружените конфликти
  • Што ја прави граѓанската војна? - BBC News, 20 април 2006 година