Бордун

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бордун (бурдон) — тон што звучи на една непроменлива тонска висина, типична за музицирање на изворните народни инструменти (гајда,кавал, зурла, тамбура, гусла). Кај двогласното народно пеење „со слагање“, вториот глас почесто бордунира на една тонска висина, но понекогаш бордунски промени се јавуваат преку честите зафаќања на долниот соседен тон.[1][2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бордун“. Macedonism. Посетено на 30 мај 2023.
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 195. ISBN 978-608-203-023-4.