Боливиски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија

Боливиски дијалект е заеднички поим за шпанските говори кои се зборуваат на територијата на Боливија. Во Боливија јазикот е познат како кастиљски и е еден од службените јазици во државата. Шпанскиот јазик е најголем јазик во државата, кој се користи на локални и владино ниво заедно со останатите староседелски јазици.

Поделба[уреди | уреди извор]

Боливискиот дијалект се дели на четири групи[1]:

  • андски дијалект. Ова е поголем дијалект кој се зборува на Андите. Дијалектот се зборува во Боливија, Перу, Аргентина, Колумбија, Еквадор и Чиле. Говорот на обичното население е под силно влијание на ајмарскиот или кечуанскиот јазик.[1]
  • камбански дијалект. Овој дијалект се заснова на андалусиските шпански говори. Дијалектот е со видливо влијание од локалните јазици, особено гварански, чикитански и чанејски јазик.[1]
  • чапагоски дијалект. Овој дијалект воглавно се зборува во Тариха и има мешање на заменките vos и tu.
  • валјеграндински дијалект. Како и останатите дијалекти, така и овој дијалект е под силно влијание на староседелските јазици. Гваранскиот и кечуанскиот јазик влијаеле врз фонологијата и лексиконот на дијалектот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Боливиски шпански дијалект“ (англиски). Посетено на 2012-05-23.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]