Битка кај Дојран (1918)
Битка кај Дојран се случила на 18-19 септември во 1918 година и била третата битка кај Дојра, Грчките и Британските војници извршиле напад врз позициите на Бугарската Прва армија во близина на Дојранското Езеро. Битката била дел од Првата светска војна и претставувалa дел од балканскиот фронт.Битката завршила со пораз на силите на антантата.
Предигра
[уреди | уреди извор]Грчките и британските воени сили тргнале од нивната база во Солун, во исто време како и српските и француските. Грците кои биле под команда на Џорџ Мајлен тргнале да ги нападнат бугарските позиции кај Дојранското Езеро, Србите и Французите под команда на Франчет Деспери почнале да навлегуваат во бугарската одбрана во Вардарската долина. Грците и Британците имале цел да ги фатат бугарските позиции кај ридовите над Дојранското Езеро.[1]
Ова не бил првпат сојузниците да го нападнат Дојран - во 1916 година, англиско-францускиот обид бил одбиен од страна на Одделението од Втората тракиска пешадија; Британците имале два неуспешни обиди за да го ослободат тојкрај во 1917. Утврдувањата биле добро изградени (од страна на бугарските инженери), Бугарите ја зајакнале својата одбрана во првите месеци на 1916 година и во почетокот на 1917 година. Теренот околу областа бил многу тежок, утврдувањата биле опкружени со повеќе од четири километри од грмушки и од карпи.
Битката
[уреди | уреди извор]На левата страна, британскиот XII корпус, подделен на 22-ри и 26-ти, засилено со Серес дивизијата на грчката војска иѕвршиле напад.[2] Британците донеле 231 парчиња артилерија, вклучувајќи и тешки 8-инчни хаубици. Бомбардирањето се случило во текот на два дена, при што пешадијата напредувала. Британците пред битката го подготват и испланирале нападот. Тие се соочиле со бугарската Деветта Плевенска дивизија со 122 пушки, која била многу утврдена и добро подготвена за одбрана, под команда на генералот Владимир Вазов.