Башар ал Асад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Башар ал-Асад - 19-ти претседател на Сирија.

Башар ал-Асад (арап. بشار حافظ الأسد; Дамаск, Сирија, 11 септемвти 1965 година) е престолонаследник на Сиријската Арапска Република (од 2000). На претседателската положба е избран после смртта на неговиот татко Хазиф ал-Асад.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хафез ал-Асад со неговата фамилија во раните 1970-ти.

Средно училиште завршил во Дамаск и го завршил во 1982 година. Студирал медицина на Универзитетот во Дамаск и дипломирал во 1988 година. Специјализирл за офталмологија во Воената болница Tishreen и ги продолжил понатамошните студии во Лондон сè до 1994 година.

Башар ал-Асад со тогашниот руски претседател Димитриј Медведев, 2010 година.

Во 1995 година бил на чело на „Сиријското компијутерско друштво“ (анг. Syrian Computer Society, SCS) работејќи на ширењето на културата по целиот свет. Од 1995 година надгледувал реформски програми на две министерства - за образование и за високо образование.

Оженет е со Асма Ал-Асад и имаат три деца.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1988 година ѝ се придружил на војската. Поминал низ многубројни воени курсеви и вежби. На ден 11 јуни 2000 година унапреден е на ранг на генерален-менаџер и поставен е за командант на Војската и на Вооруќените сили.

Во јуни 2000 година одбран е за претседател на Арапската социјалистичка партија Баас. На ден 10 јули 2000 година одбран е за претседател на Републиката и својата должност ја презел после давајќи ја заклетвата пред Народното собрание, на ден 17 јули 2000 година.

Повторно е одбран за претседател на Баас и за неговиот Централен комитет на 10-тиот конгрес во мај 2005 година. За претседател на Републиката повторно е одбран на 27 мај 2007 година и дал заклетва на 17 јули 2007 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]