Автономна Македонија (весник на македонската емиграција во Бугарија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автономна Македонија, бил весник - орган на македонската емиграција во Бугарија. Се издавал во Софија, во периодот од 1920 до 1923 година и излегувал еднаш неделно.

Негови уредници биле Иван Снегаров и Владислав Ковачев. Весникот бил печатен на бугарски јазик. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)