Tor

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Tor-logo-2011-flat.svg
Програмери The Tor Project[1]
Првично издание 20 септември 2002 (2002-09-20)[2]
Прог. јазик C
Опер. систем Cross-platform
Вид Onion routing, Anonymity
Лиценца BSD license
Мреж. место torproject.org

Tor (кратенка за The Onion Router)[3] е систем кој има за цел да овозможи анонимност на интернет. Клиентскиот софтвер Tor го насочува интернет-сообраќајот преку светска доброволна мрежа од опслужувачи за да се скрие локацијата на корисникот или употребата од некој што врши надзор над мрежата или анализа на сообраќајот. Користењето на Tor уште повеќе го отежнува следењето на активности преку интернет, вклучувајќи ги и „посетите на веб-локации, постови на интернет, инстант-пораки и други форми на комуникација“ до корисникот и има за цел да ги заштити личната слобода и приватноста на корисниците, како и способноста да водат доверлива дејност чувајќи ги од надзор нивните активности на интернет.

Onion Routing“ (рутирање во слоеви) се однесува на слоевитата природа на сервисот за шифрирање: првобитните податоци се шифрираат и ре-шифрираат неколку пати, а потоа се испраќаат преку сукцесивни Tor релеи, од кои секој дешифрира по еден „слој“ на енкрипција пред податоците да се пренесат до следниот релеј и, во крајна линија, до неговата дестинација. Ова ја намалува можноста оригиналните податоци да се дешифрираат или разберат при нивното пренесување.[4]

Клиентот Tor е слободен софтвер и користењето на мрежата на Tor е бесплатно.

Историја[уреди]

Во март 2011 година, Фондацијата Слободен Софтвер на проектот Tor му ја додели Наградата за 2010 за проекти од општествен интерес врз основа на следново: „Користејќи слободен софтвер, Tor им овозможи на околу 36 милиони луѓе од целиот свет да ја искусат слободата на пристап и изразување на интернет, имајќи контрола врз својата приватност и анонимност. Неговата мрежа се покажа како клучна за дисидентските движења во Иран и неодамна во Египет“.[5]

Начин на функционирање[уреди]

Tor има за цел да ги сокрие идентитетите на неговите корисници и нивната активност на интернет од надзор и анализа на сообраќајот со одвојување на идентификацијата и рутирањето. Тоа подразбира рутирање во слоеви, со кое комуникациите се шифрираат и пренасочуваат по случаен избор преку мрежата на релеи со која управуваат волонтери од целиот свет. Овие „кромидски“ рутери користат шифрирање со повеќе слоеви (оттука и метафората со кромидот) за да се обезбеди совршена тајност при проследувањето помеѓу релеите, на тој начин обезбедувајќи им на корисниците анонимност на нивната мрежна локација. Таа анонимност го опфаќа и хостингот содржината отпорна на цензура преку функцијата за анонимна скриена услуга. Покрај тоа, со одржување на тајноста на некои од влезните релеи („bridge“ релеи), корисниците можат да ја избегнат цензурата на интернет која се потпира врз блокирање на јавните Tor релеи.

Бидејќи интернет-адресите на испраќачот и на примачот не се во cleartext во кој било дел од патот, некој што прислушува во која било точка по должината на комуникацискиот канал, истите не може директно да ги идентификува. Исто така, на примачот му се чини дека последниот Tor јазол (излезниот јазол) е всушност оној од кој потекнува комуникацијата, наместо од испраќачот.

Правни аспекти[уреди]

Според CNET, функцијата на Tor за анонимност e „поддржана од фондацијата Electronic Frontier Foundation и други групи за граѓански слободи, како метод за информаторите и работниците за човекови права да комуницираат со новинарите“. Системите за анонимизирање како Tor, понекогаш се користат за работи кои се, или можат да бидат, нелегални во некои земји, на пример, Тор може да се користи за да се добие пристап до цензурирани информации, да се организираат политички активности[6], или да се заобиколат законите против критикување на шефови на држави. Tor, исто така, може да се користи за анонимно клеветење, неовластено протекување на чувствителни информации, како и за кршење на авторските права, за дистрибуција на нелегална сексуална содржина[7][8][9], за продажба на контролирани супстанции[10], перење пари [11], измами со кредитни картички и кражба на идентитет; црниот пазар кој ја експлоатира инфраструктурата на Tor работи, барем делумно, во спрега со Bitcoin[12], а самиот Tor се користеше од страна на криминални групи, групи за хактивизам (како што е Anonymous) и полициски агенции за разни цели, понекогаш и истовремено.[13][14]

Наводи[уреди]

  1. „Tor Project: Core People“. The Tor Project. https://www.torproject.org/about/corepeople. конс. 17 јули 2008. 
  2. Dingledine, Roger (20 September 2002). „pre-alpha: run an onion proxy now!“. „Поштенски список на or-dev“. http://archives.seul.org/or/dev/Sep-2002/msg00019.html. конс. 17 јули 2008. 
  3. Jordi Domingo-Pascual; Yuval Shavitt; Steve Uhlig (14 June 2011). „Traffic Monitoring and Analysis: Third International Workshop, TMA 2011, Vienna, Austria, April 27, 2011, Proceedings“. Springer. стр. 113–. ISBN 978-3-642-20304-6. http://books.google.com/books?id=f7CPGTclfc8C&pg=PA113. конс. 6 август 2012. 
  4. The Tor Project. „Tor: anonymity online“. https://www.torproject.org/. конс. 9 јануари 2011. 
  5. „2010 Free Software Awards announced“. http://www.fsf.org/news/2010-free-software-awards-announced. конс. 23 март 2011. 
  6. Cochrane, Nate (2 февруари 2011). „Egyptians turn to Tor to organise dissent online“. Scmagazine.com.au. http://www.scmagazine.com.au/News/246707,egyptians-turn-to-tor-to-organise-dissent-online.aspx. конс. 10 декември 2011. 
  7. Cleaning up Tor on broadband.com
  8. Jones, Robert (2005). „Internet forensics“. O'Reilly. стр. P133. ISBN 0-596-10006-X. 
  9. 'Dark Net' Kiddie Porn Website Stymies FBI Investigation. Gawker.com (2012-06-11). Retrieved on 2012-08-06.
  10. The Underground Website Where You Can Buy Any Drug Imaginable. Gawker.com (2011-06-01). Retrieved on 2012-04-20.
  11. Goodin, Dan. (2012-04-16) Feds shutter online narcotics store that used TOR to hide its tracks. Arstechnica.com. Retrieved on 2012-04-20.
  12. How online black markets work – CSO Online – Security and Risk. CSO Online (2012-04-30). Retrieved on 2012-08-06.
  13. How online black markets work – CSO Online – Security and Risk. CSO Online (2012-04-30). Retrieved on 2012-08-06.
  14. Hunting for child porn, FBI stymied by Tor undernet. Muckrock (2012-06-08). Retrieved on 2012-08-06.

Литература[уреди]

Дополнителна литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]