Time to live

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Time to live( TTL ) или хоп лимит претставува механизам што го ограничува животниот век на податоците во компјутерските мрежи.TTL може да биде имплементиран како бројач или временска ознака прикачена или вградена во податоците.Кога еднаш ќе заврши бројачот или временското ограничување податоците се отфрлаат.Во компјутерските мрежи , TTL го спречува бесконечното циркулирање на податочните пакети низ мрежите.Во компјутерските апликации ТTL се користи за да се подобрат перформансите за кеширање или приватноста.

IP пакети[уреди | уреди извор]

Под интернет протоколот, TTL претставува 8-битно поле.Во IPv4 заглавјето,TTL е 9-от октет од 20.Во IPv6 заглавјето, е 8-от октет од 40.Максималната вредност во TTL полето може да биде 255,што претставува максималната вредност на еден октет.Препорачана вредност е 64. Time-to-live вредноста може да се разгледува како горна граница на време во кое еден IP датаграм постои во системот.Таа вредност се поставува од страба ба испраќачот на пакетот, и се декрементира од страна на секој рутер на патеката до дестинацијата.Ако TTL вредноста достигне 0 пред пакетот да стигне до дестинацијата, пакетот се отфрла и ICMP error (11-Тime Exceeded) порака се испраќа назад до испраќачот на пакетот.Главната цел на TTL полето е да се избегне ситуација во која неиспорачлив пакет останува да кружи во мрежата на системот, и така системот би бил загушен од т.н. “бесмртни пакети”. Во теорија, под IPv4 TTL се мери во секунди,иако секој хост кој го препраќа пакетот мора да ја намали таа вредност за најмалку 1 единица.Во пракса, вредноста во TTL полето се намалува за 1 на секој скок.За да ова се рефлектира во пракса ,полето е преименувано во hop limit во IPv6.

HTTP[уреди | уреди извор]

Тime to live исто така може да се изрази и преку датум и време за кој на некој запис му истекува рокот. Expires: заглавјето во HTTP одговорите(responses) и expires полето во HTTP колачињата(cookies) го претставуваат time-to-live на ваков начин.

See also[уреди | уреди извор]

References[уреди | уреди извор]