Теледом

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Telehaz)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на здружението

Теледом (унгарски: Teleház) претставува здружение на Унгарците во Македонија. Тоа е формирано во 2003 година и брои стотина членови. Здружението е мошне активно и соработува со Амбасадата на Унгарија и унгарскиот Институт „Балаши“. Нивната годишна програма опфаќа организирање повеќе активности за зачувување и негување на унгарската култура и јазик, но и за запознавање на македонската поширока јавност со нејзините вредности и преку манифестации, претстави, изучување на унгарски јазик, како и неделите на унгарската култура и на унгарскиот филм. Здруженито секоја година ја организира прославата на националниот празник на Унгарија на 15 март, денот на Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна и парламентарна Унгарија.

Претседател на здружението (состојба 2013) е Јожеф Шутуш.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Општина Кисела Вода оддаде почит на Шандор Петефи“ (македонски). Општина Кисела Вода. 16.03.2013. конс. 2013-03-17. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]