Scriptio continua
Изглед
Оваа статија содржи специјални знаци. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи. |
Scriptio continua / скриптио континуа или scripta continua/ скрипта континуа — стил на пишување текст. Буквалниот превод на македонски од латински е „продолжено пишување“ и главна одлика на стилот е тоа што нема празни места помеѓу зборовите или речениците. Исто така, во овој стил нема правописни знаци, надредни знаци или разлика од мала и голема буква. Најстарите старогрчки и старолатински текстови користеле посебни знаци за одделување на зборовите, но подоцна преминале кон употреба на овој стил.[1][2] Меѓу словенските јазици, само глаголицата била делумно употребувана во овој стил.
Примери
[уреди | уреди извор]Латински јазик
[уреди | уреди извор]Во прилог следува латински текст во стил на продолжени пишување. Овој дел е од текст на Цицерон.
- NEQVEPORROQVISQVAMESTQVIDOLOREMIPSVMQVIADOLORSITAMETCONSECTETVRADIPISCIVELIT
Ако се следат современите норми за пишување, се добива:
- Neque porro quisquam est qui dolorem ipsum quia dolor sit amet, consectetur, adipisci velit…
- „Никој не сака болка поради негова корист, или ја бара неа и сака да ја има, само затоа што е болка...“
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |