P-гликобелковина (или P-гликопротеин, скрат. P-gp) — важна белковина на клеточната мембрана кој испумпува многу страни супстанции надвор од клетката. Тој претставува ATP-зависна ефлукс пумпа со широк спектар на супстратна специфичност. Го има кај животните, габите и бактериите, и најверојатно се развил како заштитен механизам против штетните супстанции.