NetBIOS

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

NetBIOS скратено од Основен влезно-излезен систем за мрежно поврзување(Network Basic Input/Output System). Овозможува сервиси поврзани со сесискиот слој на OSI моделот, овозможува апликации на различни компјутери да комуницираат преку локална мрежа LAN. Строго како API функција, NetBIOS не е протокол за мрежно поврзување. Постари оперативни системи го користат NetBios на IEEE 802.2 и IPX/SPX користејќи NetBios рамки (NBF) и NetBIOS преку IPX/SPX (NBX) протоколи, соодветно. Во модерни мрежи, NetBIOS нормално работи преку TCP/IP преку NetBIOS со TCP/IP протокол.Ова резултира со тоа да секој компјутер во мрежата ги има и IP адреса и NetBIOS име кое одговара на името на домаќинот.

Сервиси[уреди]

NetBIOS овозможува 3 различни сервиси(услуги) :

  • Name service за регистрација
  • Session service за конекциски ориентирана комуникација
  • Datagram дистрибуција за безконекциска комуникација.

(Забелешка: SMB, погорниот слој, е услуга која работи пред Session Service и Datagram service, и не треба да се смета за неопходен и интегрален дел од NetBIOS. Може да работи на TCP со мал адапциски слој кој додава пакети на секоја SMB порака.)

Name service[уреди]

За да ги започне сесиите или да дистрибуира датаграми, апликацијата мора да го регистрира нејзиното NetBIOS име со користење на name space. NetBios имињата се хексадецимални по должина и честопати варираат во зависност од одредена имплементација. Честопати се одредува тип кој е сличен со портите на TCP/IP и е наречен NetBIOS Suffix. Се користи за да им каже на другите апликации какви услуги сестемот нуди.

Можности на name service од NetBIOS се:

  • Add name– регистрира NetBIOS име.
  • Add group name – регистрира NetBIOS име на група
  • Delete name – ја брише регистрацијата на име или име на група
  • Find name – бара NetBIOS име на мрежата

Session service[уреди]

Сесијата овозможува два компјутера да формираат врска за комуникација, овозможува употреба на поголеми пораки и пронаоѓање на грешки и поправување.

Можности на Session service од NetBIOS се:

  • Call – отвара сесија до одалечено NetBIOS име
  • Listen – слуша обиди да се отвори сесија кон NetBIOS име
  • Hang up – затвора сесија
  • Send – праќа пакет на компјутер на другиот крај од сесијата
  • Send No Ack – исто како Send, но не бара потврда
  • Receive – чека да стигне пакет од Send на другиот крај на сесијата.

Во оригиналниот протокол кој се користи за да се имплементираат NetBIOS услугите на PC-Network, за да се воспостави сесија, компјутеркот кој ја почнува сесијата праќа Open request на кој одговара Open acknowledgment. Компјутерот кој ја почнува сесијата ке прати пакет Session Request на кој ќе биде одговорено или со Session Accept или Session Reject пакет. Податоците се пренесуваат преку пакети, на кои се одговара со потврдни пакети (АСК) или со негативни пакети(NАСК). Поради тоа што NetBIOS се справува сo решавањето на грешките, NACK пакетите ќе направат повторно пренесување на пакетите со податоци. Сесијата ја затвора другиот компјутер со праќање на Close request. Компјутерот кој ја почнал сесијата, ќе одговори со Close response и го праќа пакетот за затворање на сесијата.

Datagram distribution service[уреди]

Се користи кога нема конекција. Поради тоа што секоја порака се праќа посебно, мора да биде помалаи апликацијата е одговорна за пронаоѓање и поправање на грешките.

Можности на Datagram distribution service од NetBIOS се:

  • Send Datagram – праќа датаграм на далечинско NetBIOS име.
  • Send Broadcast Datagram – Праќа датаграм на сите NetBIOS имиња во мрежата
  • Receive Datagram – чека пакетот да стигне од Send Datagram операција
  • Receive Broadcast Datagram – чека пакетот да пристигне од Send Broadcast Data операција

NetBIOS име споредено со host име[уреди]

Кога NetBIOS рабори врз TCP/IP протоколсекој компјутер може да има повеќе имиња, едно за NetBIOS API и други за основното TCP/IP.

NetBIOS име[уреди]

NetBIOS името е 16 ASCII букви, сепак Microsoft го ограничува името на домаќинот на 15 букви и ја чува 16-тата буква како NetBIOS суфикс. Името на домаќинот се специфира кога вмрежувањето е воспоставено(инсталирано), а суфиксите се одредуваат според индивидуалните услуги испорачани од домаќинот. За да се поврземе со компјутер кој користи TCP/IP преку неговото NetBIOS име, името треба да биде претворено во соодветна мрежна адреса.

Host име[уреди]

Името на домаќинот не треба да се меша NetBIOS името на компјутерот. Обично кога компјутерот работи на TCP/IP има host name кое уште се нарекува и DNS име. Обично името на домаќинот на компјутер со Windows се базира nа NetBIOS името плус примарниот DNS суфикс.

Типови на јазли[уреди]

Типот на јазолот на компјутер во мрежата се однесува на начинот на кој се претвараат NetBIOS имињата во IP адреси. Постојат 4 типа.

  • B-јазол: 0х01 Broadcast
  • P-јазол: 0х02 Peer
  • M-јазол: 0х04 Mixed
  • H-јазол: 0х08 Hybrid

Типот на јазолот се прикажува така што во конзолата ке напишеме ipconfig/all. Компјутер кој има Windows може да биде конфигуриран така што може да прикажува “unknown” кога го бараме типот на јазолот.

NetBIOS суфикси[уреди]

NetBIOS суфикси, уште наречен и последна буква на NetBIOS (endchar) e 16-тата буква на NetBIOS името. Буквата го специфицира записот или типот на услугата за записот на регистрираното име. Бројот на типовите на записите е ограничен на 255, но бројот на суфикси кој се користи е многу помал. Најчести NetBIOS суфикси се:

  • 00: Workstation Service
  • 03: Messenger Service
  • 20: File Service (исто така наречен Host Record)
  • 1B: Domain Master Browser - Primary Domain Controller за домен
  • 1C: Domain Controllers for a domain (групирање записи до 25 IP адреси)
  • 01: Master Browser
  • 1E: Browser Service Elections

NetBIOS проширен кориснички интерфејс[уреди]

Microsoft адаптација на IBM NetBIOS. NetBEUI се проширува на NetBIOS со додавање на транспортен слој. NetBEUI е брз и ефикасен протокол кој побарува неколку мрежни ресурси, овозможува одлична поправка на грешки и бара слаба конфигурација.

Види уште[уреди]

Линкови[уреди]