Металоксиден полуспроводник N-тип

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од NMOS)

Металоксиден полуспроводник N-тип, NMOS (скратеница од англиски: N-type Metal-Oxide-Semiconductor) - технолошка генерација на изработка на интегрирани кола, створена во 70-ите години на XX век. Нејзин наследник кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите била HMOS технологијата, но во текот на 80-тите обете биле напуштени заради недостатоци и развојот на технологиите CMOS и HCMOS.

NMOS технологијата користела MOSFET-транзистори во примената на логика на интегрираните кола.

Недостатоци[уреди | уреди извор]

Најголем проблем бил што еднонасочна струја поминува низ NMOS логичката врата и во состојба на логичка нула. Тоа значи дисипација на моќност дури и кога колото е неактивно.

Друг проблем бил бавната транзиција од нула во единица заради внатрешните капацитети и високиот отпор.

Трет проблем била чувствителноста на пречки.

Занимливост[уреди | уреди извор]

Познатиот микрообработувач Моторола 6800, заедно со своите помошни кола 6810 (RAM), 6821 (периферен интерфејсен адаптер), 6830 (ROM), 6850 (асинхрон комуникациски интерфејсен адаптер), бил изработено во NMOS технологија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Basic Microprocessors and the 6800, Ron Bishop. ISBN 978-0-8104-0758-9.