Modern Painters (списание)
Категории | Современа уметност |
---|---|
Честота | Месечна |
Основач | Питер Фулер |
Основано | 1987[1] |
Прв број | Пролет 1988[2] |
Претпријатие | Louise Blouin Media |
Земја | Соединети Држави |
Седиште | Њујорк |
Јазик | Англиски |
Портал | blouinartinfo.com |
ISSN | 0953-6698 |
Modern Painters ― месечно уметничко списание. Тоа било лансирано како квартално во Обединетото Кралство во 1987 година, а сега се објавува во Њујорк од страна на Louise Blouin Media.
Историја
[уреди | уреди извор]Списанието било лансирано во Англија во 1987 година од страна на ликовниот критичар Питер Фулер,[1] кој бил уредник сè до неговата смрт во сообраќајна несреќа во 1990 година. На почетокот било квартално; првиот број се појавил во пролетта 1988 година.[2] Соработничката и уредничка на Фулер, Карен Рајт, ја стекнала титулата од нејзините првични поддржувачи, меѓу кои биле и Бернард Џејкобсон од „Bernard Jacobson Gallery“ и Дејвид Ландау, основач и потоа уредник на научното списание „Print Quarterly„. Рајт била задржана за краток период во својство на советнички услуги кога списанието било купено од страна на „LTB Media“ во 2004 година и неговото издавачко работење било донесено во Њујорк во јуни 2004 година.[3] Првиот главен уредник под нова сопственост бил Роџер Татли.
„Modern Painters“ биле во сопственост на „Louise Blouin Media“.[4] Во март 2016 година, Скот Индрисек бил назначен за главен уредник на списанието, на местото на Дениел Куниц. Подоцна во 2017 година, поголемиот дел од персоналот бил обновен и нови писатели се придружиле на списанието. Лансирањето на нови мрежни-услуги како што била „Blouin shop“, што придонело за подобра прегледност ширум светот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Jonathan Jones (13 May 1999). This man made Britart what it is. He would have hated it. The Guardian. Посетено на 28 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 [The editor] (April 1988). Editorial: 'Modern Painters'. The Burlington Magazine 130 (1021): 267–267. (бара претплата)
- ↑ „Modern Painters Magazine Relocates to US: Roger Tatley Named Editor in Chief“. Њујорк. PR Newswire. Архивирано од изворникот на 2016-11-30. Посетено на 28 јануари 2021.
- ↑ Nate Freeman (24 март 2016). „Modern Painters Names New Editor-in-Chief, Executive Editor“. Art News. Посетено на 28 јануари 2021.