Главен комплекс на хистокомпатибилност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од MHC)
Шематски приказ на MHC класа I и MHC класа II молекули.

Главниот комплекс на хистокомпатибилност (англиски: major histocompatibility complex (MHC)) претставува група на белковини одговорни за презентирање на антигени на површината на клетките со цел тие да бидат препознаени од клетките на имуниот систем. Се разликуваат три подгрупи: класа I, класа II и класа III. Класата I презентира епитопи на Т-клеточните рецептори од CD8+ T лимфоцитите, а класата II презентира пептиди на CD4+ лимфоцитите.