Kатарза
Катарза (κάθαρσις) што значи „прочистување“ или „чистење“ или „појаснување“)
1. Прочистување и воспоставување душевна рамнотежа[1].
2. Етичко и душевно прочистување што се доживува и доведува до воспоставување душевна рамнотежа.
Платон зборувал за смртта како катарза (одвојување на душата од телото). За Аристотел, катарзата е естетско чистење на душата на оној што набљудува уметничко дело.
Во психологијата, катарзата е сложен процес со кој потиснатите идеи се доведуваат до свест, а потоа се усвојуваат преку преживување или вербализација. Ова ја намалува напнатоста предизвикана од потиснати патогени искуства и непријатните емоции поврзани со нив. Исто така, може да значи каква било форма на абракција без разлика на неговото психотерапевтско значење. На оваа претпоставка се заснова катарзичниот метод.
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Владимир Карев «Катарсис», альманах «Киносценарии», 1988, № 3. Москва, Госкино СССР, 1988, № 3, стр. 41—64, ISSN 0206-8680.