Institute for Scientific Information

Од Википедија — слободната енциклопедија

Institute for Scientific Information (ISI) е основан во 1960 година од Eugene Garfield. Во 1992 година ISI премина во сопственост на Thomson Scientific & Healthcare и беше преименуван во Thomson ISI, а денес се нарекува Thomson Scientific. Денес оваа институција претставува дел од корпорацијата Thomson Reuters.

ISI нуди пристап до повеќе референтни списанија и бази на податоци. Оваа институција е специјализирана за анализа на цитати и за библиометриска анализа – поле од науката кое е основано од Eugene Garfield. ISI во своите реферативни списанија и бази на податоци покрива неколку илјади научни списанија. Некои од најпознатите реферативни списанија на ISI се: Science Citation Index (SCI), Social Science Citation Index (SSCI) и Arts and Humanities Citation Index (AHCI). До сите овие бази на податоци се пристапува преку online сервисот Web of Knowledge. Овие бази на податоци овозможуваат научниците да дојдат до сознанија кои научни статии се почесто цитирани и кои научници ги цитираат тие статии.

Списанието Journal Citation Reports е публикација која ја издава ISI. Во ова списание се објавуваат факторите на влијание (impact factor) на списанијата кои се пренесуваат во реферативните списанија на ISI. Во рамките на научната заедница факторот на влијание игра важна, но контроверзна улога во определувањето на квалитетот на списанијата и нивното влијание врз научната мисла.

Повеќе од 14.000 списанија се обработуваат во реферативните списанија и базите на податоци на ISI. Списанијата обработувани од ISI треба да исполнуваат повеќе критериуми.

Како дел од библиометриската анализа која се изведува во рамките на ISI се објавуваат и податоци за истражувачи кои се многу цитирани, како и за научни статии (од различни области) кои имаат големо влијание врз развојот на науката.

Останати содржини[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]