IE 1394

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

IEEE 1394 посредник или познат како FireWire на Apple и i.Link на Sony, е посредник кој се користи за комуникација со голема брзина и пренос на податоци во реално време. Најчесто се користи за пренос на дигитален звук и дигитално видео. FireWire го замени паралелниот SCSI поради пониската цена и едноставноста. Прифатен е како стандарден посредник за пренос на звук и видео (High Definition Audio-Video Network Alliance). Овој конектор се вградува скоро во сите дигитални фотоапарати, видео камери, iPod уреди и во разни модели на лаптопи.

На FireWire можат да се приклучат до 63 уреди во дрвовидна топологија. Дозволува peer-to-peer комуникација помеѓу два уреди (скенер и принтер), без да црпи од ресурсите на процесорот или RAM меморијата. Кабелот за FireWire е со 6 жици и може да издржи до 45 вати за еден порт. Со тоа се овозможува некои уреди кои се приклучени на FireWire да не бараат додатно напојување. Бидејќи е изграден на bus дрвовидна топологија, секој уред кој е приклучен си има свој уникатен број. Како што кажав, може да се приклучат до 63 уреди во дрвовидната топологија. Еден уред во топологијата е прифатен како корен и тој има идентификациски број кој е со највисок приоритет. Дрвовидна топологија:

Има повеќе стандарди на FireWire.

FireWire 400[уреди]

Овој стандард е разработен во 1995 година. Дозволува пренос на податоци од 100, 200 или 400 Mb/s (мегабита во секунда) во half-duplex врска (додека едниот предава информација другиот чека па обратно). Должината на кабелот е ограничена до 4.5 метра. Со засилување на сигналот може да се надоврзат едно подруго најмногу 16 кабли. Кабелот на овој стандард е со 6 пина и низ него има напон од 24V-30V (V-волти).

FireWire 800[уреди]

Стандардот е разработен од Apple во 2003 година. Овој стандард дозволува пренос на податоци до 786 Mb/s во full-duplex врска (и двата уреда истовремено можат да вршат пренос на податоци). Конекторот за FireWire 400 не е ист со конекторот за FireWire 800 стандардот. Со овој стандард може да се користи и оптички кабел со што се овозможува брзина на пренос до 3200 Mb/s, со должина на кабелот до 100 метра.

FireWire S8000[уреди]

FireWire 800 поврзувач

Разработен е во 2006 година и дозволува брзина на пренос до 800 Mb/s со користење на обичен RJ45 конектор и категорија 5 кабел. (овој кабел физички изгледа исто како каблите кои се користат за локална мрежа)