Прејди на содржината

Garolini

Од Википедија — слободната енциклопедија
Garolini
ДејностЧевли
Основано1971 Уреди на Википодатоците
ОсновачиЕн "Биди" и Алберт "Ал" Финкелштајн

Garolini (на кирилица: Гаролини) била италијанска компанија за дизајн и производство на чевли. Основана била од американските сопружници Ен „Биди“ и Алберт „Ал“ Финкелштајн во 1971 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1971 година, Финкелштајнови го создале „Garolini“, именуван по нивниот син Гери и ќерката Лин. Бизнисот имал ограничен успех сè додека славниот моден творец Халстон не го виде дизајнерското дело направено од Биди Финкелштајн. Чевлите на „Гаролини“ почнаа да се појавуваат во рекламите на Халстон. Овие реклами ги насликал познатиот поп-уметник Енди Ворхол.

Финкелштајнови ја продале компанијата на „US Shoes“ во 1980 година.

Иако „Garolini“ го добил името на децата на основачите, Гери Стен и Лин Финкелштајн немале никаква врска со бизнисот.

  1. „Ann Bidi Finkelstein“. Jewish Exponent. 18 February 2016. Архивирано од изворникот на 2018-06-18. Посетено на 10 June 2017.